Багер - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Багер

Term Main definition
Багер

Ако го видите: ве очекуваат работи. Ако го возите: ќе излезете од вашата комфор зона. Ако копа: ќе се распрашувате за некого.

 

Што значи да се сонува багер?

Сонувате дека гледате багер

Ако во сон видите багер, тоа значи дека ве чека работа. Можно е дека ќе го реновирате станот или куќата и дека тоа ќе ви одзеде многу време. Ќе мора да ги одложите другите обрвски и да се посветите на оваа. Работите ќе траат подолго од планираното, а во одделни моменти ќе ви се чини дека не сте напредувале многу.

Сонувате дека возите багер

Доколку во сон возите багер, тоа укажува дека ќе излезете од вашата комфор зона. Веројатно ќе се соочите со вашиот страв и ќе направите нешто што порано не сте смееле. Тоа може да биде: возење со лифт, држење говор во јавност итн. Одлично ќе се чувствувате поради тоа и ќе си докжате себеси дека, кога нешто навистина сакате, во состојба сте да ги совладате сите препреки.

Сонувате дека некој друг вози багер

Кога сонувате дека некој друг вози багер, тоа имплицира дека нема добро да се согласувате со колегите. Можно е дека нема да бидете задоволни како се однесуваат со вас, па ќе се трудите што помалку да комуницирате со нив. Вашиот однос лошо ќе се одрази на работата, па надредените ќе ве предупредат што побргу да ги решите недоразбирањата.

Гледате жена како управува со багер

За решение на некој пробем би било мудро ако се посоветувате со некого.

Сонувате багер како урива куќа

Ако во сон багер урива куќа, тоа имплицира дека некој ќе ви се заканува. Веројатно ќе должите пари кои нема да можете да ги вратите. Постојано ќе добивате предупредувања кои ќе ве прават многу нервозни/а. Ќе бидете во тешка ситуација и ќе ја изгубите надежта дека ќе се појави светло на крајот на тунелот.

Сонувате дека вие уривате куќа со багер

Доколку во сон вие уривате куќа со багер, тоа значи дека некому ќе му се осветите. Тоа може да биде личност која многу сте ја сакале, но која ве изневерила. Ќе сакате да страда, па ќе ја удрите таму каде што најмногу боли. Ќе успеете во својата намера, но поради тоа нема да се чувствувате подобро. Во одделни моменти ќе ви биде жал, па ќе одлучите минатото да го оставите зад себе и да продолжите понатаму.

Сонувате дека багер копа

Кога во сон багер копа, тоа укажува дека ќе се распрашувате за некого. Веројатно се работи за личност која ви се допаѓа па би сакале да дознаете што повеќе за неа. Ќе ја барате на социјалните мрежи и ќе разговарате со луѓе кои ја познаваат. Ќе ви се допадне она што ќе го чуете, па ќе заклучите дека е идеален/а за вас.

Сонувате дека багер се расипал

Ако во сон багер се расипе, тоа имплицира дека ќе имате ненадејни трошоци. Можно е дека ќе морате да купите нешто за домот, па ќе ги потрошите сите пари кои се наменети за други работи. Ќе заклучите дека е подобро да не правите планови, бидејќи често искрснуваат непредвидени ситуации кои сè  ви расипуваат.

Сонувате дека сте купиле багер

Доколку во сон купите багер, тоа значи дека ќе вложите во своето образование. Веројатно ќе сакате да се преквалификувате па ќе уплатите некој курс, ќе запишете факултет и сл. Ќе бидете многу мотивирани и расположени да учите нови работи, па во слободно време ќе го повторувате она што сте го научиле на часовите.

Сонувате дека сте продале багер

Кога во сон ќе продадете багер, тоа укажува дека ќе се премислите. Можно е дека сте имале намера да направите нешто поврзано со работата, но сте се откажале бидејќи сте сфатиле дека тоа не ви се исплати. Ќе го послушате својот инстинкт, како и добронамерните совети, па тој план ќе го оставите за некои подобри времиња. 

Зборувате со багерист во сон

Некоја долго очекувана работа конечно ќе биде направена.

Доколку во вашиот сон некој друг разговара со багерист, тоа значи дека ќе донесете погрешна одлука. Под притисок на некој рок ќе се одлучите на неполуларен потег кој нема да го донесе саканиот резултат. Сепак, тоа ќе ве научи да размислувате и кога сте под стрес. За среќа, штетата нема да биде голема, но добро ќе ја запомните и нема повеќе да правите такви грешки. 

Се карате со багерист во сон

Ако во сон се карате или се расправате со багерист, тоа имплицира дека некој ви укажал на погрешка или на лоша процена, а вие не сакате тоа да го признаете. Потсвеста ве предупредува да бидете професионалец и да се однесувате како возрасна личност. Тоа што ќе ја признаете грешката нема да го наруши вашиот кредиблитет, само на луѓето околу вас ќе им покаже дека дури и најдобрите во работата понекогаш прават грешки.

Кога во сон ќе видите дека некој друг се кара со багерист, тоа значи дека со сила на  приликите ќе сфатите дека имате многу позитивни особини за кои ни самите не сте знаеле. Мислевте дека никој не ве познава подобро од самите себе, но ќе се најдете во некои ситуации за прв пат, па ќе увидите дека имате талент од тоа да се „извлечете“ без поголеми последици. Тоа сознание ќе ви помогне понекогаш да се соочите со поголем ризик, за да постигнете и поголем успех. 

Се тепате со багерист

Доколку во сон се тепате со багерист, тоа значи дека ќе сфатите оти шансите моменталната врска или брак да ви успее се многу мали. Премногу сте различни од својот партнер, а тие разлики од ден во ден стануваат сè поочигледни. Многу се расправате за небитни работи и се лутите за секоја ситница. За партнерот/ката тоа е знак дека не сте задоволни со изборот на личноста со која ќе го поминете остатокот од животот или не сте задоволни со својот живот во целина. Обидете се со разговор тоа да го надминете, а ако не успеете побарајте совет од стручни лица кои се занимаваат со таа област од човечките односи.  

Ако во вашиот сон некој друг се тепа со багерист, тоа имплицира некоја морална дилема. Можеби ве мачи нешто што сте го дознале, а не сте сигурни дали треба со некого тоа да го поделите. Во секој случај се плашите од последиците од сето тоа, па затоа одлучувате за тоа никому да не зборувате. Таквата одлука е исправна со оглед на тоа дека ни сами не сте сигурни дали тоа што сте го дознале е вистина.

Да убиете багерист

Кога сонувате дека сте го убиле багеристот, тоа укажува на тоа дека ќе имате проблеми со законот. Можеби ќе се најдете во прилика да искористоте некоја дупка во законот за да стекнете финансиска или имотна корист. Со оглед на тоа дека тоа не ви е секојдневие, нема добро да се снајдете кога ќе ве посети полиција.

Ако сведочите на убиство на багерист веројатно сте оптоварени со мисли за смртта. Можеби потсвесно ве мачи незнаење што се случува кога човек ќе го напушти овој свет. Веројатно неодамна починал некој кого сте го сакале и почитувале, па ќе ве обземат црни мисли. Кога ќе го прежалите неговото/нејзиното заминување ќе ви биде многу полесно да се соочите со неминовностите во животниот циклус на секој човек, па и овие сонови ќе бидат поретки.

Доколку неодамна сте возеле багер или сте гледале како некој управува со багер во живо или на телевизија, толкувањето на ваквите соништа е многу поедноставно. Тоа оставило впечаток на вас кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за багер

Багер е машина која откопува, транспортира и товари откопана маса во средство за транспорт.

Внимание во раководење на финансиите, бидејќи може да дојде до непотребни издатоци и штети.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg