Балерина - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Балерина

Term Main definition
Балерина

Внимание во раководење на финансиите, бидејќи може да дојде до непотребни издатоци и штети.

 

Балерина – што значи да сонувате балерина или балетан?

Сонувате балерина или балетан

Ако сонувате балерина, тоа предупредува на непотребни издатоци. Веројатно ќе имате поголем  прилив на парични средства, па ќе сакате да купувате работи за кои сметате дека ви се потребни. Колку приливот е поголем, вашите апетити ќе растат и многу од тие работи нема никогаш да ги користите.

Родителите или партнерот ќе ви префрлаат дека сте ги потрошиле парите на глупости. Тоа ќе ве погоди, бидејќи ни вие нема да бидете задоволни со изборот кој сте го направиле.

Друга можност е дека ќе дознаете нешто за партнерот што многу ќе ве повреди. Можно е да откриете дека партнерот не е искрен и дека е поинаква личност од онаа за која се претставува.

Тоа ќе биде многу болно за вас, посебно ако поради него сте се судриле со семејството и пријателите. Ќе се соочите со нивните префрлања и ќе морате да признаете дека биле во право. Ве очекува тешок период, бидејќи партнерот нема тукутака да се откаже од вас. Тој е свесен дека сте премногу добра прилика за да ве пушти да одите.

Да се биде балерина или балетан

Ако сонувате дека вие сте балерина или балетан тоа симболизира потреба за хармонија во вашиот живот. Веројатно поминувате низ турбулентен период, се обидувате да се решите од многу грижи и проблеми, чезнеете за мир. Некои ситуации многу ве исцрпиле, па би сакале конечно да се одморите.

Да запознаете балерина

Кога сонувате дека запознавате балерина тоа значи дека ќе морате да бидете многу подисциплинирани доколку сакате да постигнете некој успех. Ако сте студент ќе мора повеќе да учите, а  ако сте работник ќе мора да вложите многу труд за надредениот да го препознае вашиот потенцијал и да одлучи да ве награди.

Успехот кој го сонувате нема да дојде преку ноќ, затоа е важно да се фокусирате на своите цели и да направите сè како што треба за да ги остварите.

Ако сонувате некој друг да запознае балерина, тоа имплицира дека сте суетна личност. Криво ви е кога ќе чуете дека колегата е поуспешен во работата или повеќе заработува од вас.

Наместо да се јадосувате поради тоа, би можеле да се потрудите вие да бидете подобри.

Разговарате со балерина

Доколку сонувате дека разговарате со балерина, тоа симболизира потреба да бидете познати и ценети во друштвото. Многу ви е важно мислењето на околината. Затоа секогаш трудете се да ги истакнете своите квалитети, а да ги сокриете маните.

Таквиот живот не е лесен, но сте се помириле со тоа и направете сè да ја задржите добрата слика за себе.

Кога сонувате дека некој друг разговара со балерина, ќе чуете добри вести од роднините или пријател кој живее во друг град. Можеби ќе ве повикаат на венчавка, крштевка или некоја прослава. Со драго срце ќе одговорите на тој повик, не само што сакате со своето присуство да ги усреќите, туку ќе ве усреќи и пократко патување и промена на средината.

Се карате со балерина

Ако во сон се карате или се препирате со балерина, тоа значи дека сте многу амбициозна личност. Вие знаете што сакате и како тоа да го остварите. При тоа не ви пречи ако на својот пат повредите или навредите други луѓе. Сметате дека тоа е сосема нормално и оправдано, и дека ни самите не би замериле некому тоа да ви го направи.

Поради тоа можеби стекнувате почитување во струката со која се занимавате, но губите сè повеќе пријатели. Мислите дека од завист избегнуваат да се дружат со вас, но тоа едноставно не е така. На многумина им пречи вашиот натпреварувачки дух и сметаат дека таквата личност во друштво не е потребна.

Доколку во вашиот сон некој друг се кара со балерина, тоа симболизира немоќ. Веројатно ќе се најдете во тешка ситуација од која нема да можете да пронајдете излез така лесно. Ќе мора да се обратите за помош, иако тоа недраго го правите. Добар совет би можела да ви даде постара и поискусна личност. Затоа не бидете тврдоглави, туку прашајте го/ја што би направил/а на ваше место.

Се тепате со балерина

Кога сонувате дека се тепате со балерина тоа значи дека сте незадоволни со сексуалниот живот, па својата фрустрација ја покажувате спрема други луѓе. Можно е дека партнерот нема волја за секс или едноставно не ги исполнува вашите очекувања во кревет. Ќе се обидете со него/неа за тоа да разговарате.

Дури ќе го/ја  обвините дека ве мами, но тој/таа ќе негира и тој сомнеж ќе го припише на вашата параноја. Доколку таквата состојба потрае, не ви преостанува ништо друго туку среќата да ја побарате со некој друг.

Доколку долго сте без сексуален партнер, дополнително појаснување не е потребно. Сексуалната фрустрација на јаве едноставно се пренела на сон.

Ако сонувате дека некој друг се тепа со балерина, веројатно ќе сведочите на некоја неправда. Можеби ќе се обидете тоа да го промените, но тој обид ќе заврши со неуспех. Тоа многу ќе ве повреди и растажи, особено бидејќи неправдата сте ја доживеале од личност која добро ја познавате. Сепак, ќе сфатите дека секој само се  обидува да се заштити себеси, па ќе се помирите со тоа.

Се бакнувате со балерина

Доколку сонувате каков било вид на интимен однос со балерина или балетан, тоа значи дека сте пречувствителни. Лесно избувнувате и лесно се навредувате на сè што луѓето ќе ви го кажат. Веројатно вашите најблиски имаат разбирање за вас, но на соработниците, колегите или познаниците вашето однесување никако не им е јасно.

Ќе мора да истражите зошто така се чувствувате. Сè додека не ја пронајдете вистинската причина, нема да ви биде подобро.

Ако сонувате дека некој друг се бакнува со балерина или балетан, најверојатно ќе бидете поканети на свадба или на некоја прослава. Не е исклучено пријател да ве замоли да му/ѝ бидете кум.

Убивање балерина

Сон во кој вие убивате балерина симболизира потреба да ја истакнете својата нежна страна. Веројатно сте тип на личност кој ретко дозволува околината да ги види нејзините слабости. Се трудите да ја задржите репутацијата на човек кому не му е лесно да се налути или повреди.

Иако тоа не е лоша особина, понекогаш негативно влијае на вашата  психа. Се плашите дека, доколку покажете што чувствувате, тоа другите луѓе би можеле да го злоупотребат. Причината за таквто размислување се крие во некое претходно лошо искуство.

Ако сонувате дека некој друг убил балерина, тоа значи дека познаникот ќе се обиде да ве вовлече во некои сомнителни работи. За среќа, таа намера ќе ја откриете на време, па ќе се откажете од каква била соработка со него/неа.

Се криете од балерина

Доколку сонувате дека се криете од балерина, тоа укажува на фактот дека чувствувате грижа на совест, бидејќи без причина сте критикувале блиска личност. Веројатно, обидувајќи се да му/ѝ објасните некои работи сте биле груби. Вашата намера не била лоша, но би требало да се извините поради таквата постапка.

Ако во вашиот сон некој друг се крие од балерина, веројатно пријатели ќе ве повикаат на дружење на кое ќе запознаете интересна личност. Можно е дека ќе се „вљубите на прва“, но од таа врска нема да биде ништо.

Водење људов со балерина или балетан

Прилика за интимни односи на јаве. Задоволство.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте биле на балет или со него се занимавате, тоа ви оставло впечаток, па затоа сте го сонувале.  

Дефиниција за балет

Балет е театарски облик на игра која се развивала во текот на ренесансата во Западна Европа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg