Бадем

Term Main definition
Бадем

Неизлупен: радост, уживање; излупен: грижи; ако го јадете: пријатни вести; во цвет: краткорочен успех.

Што значи да сонувате бадем?

Неизлупен бадем

Кога сонувате неизлупен бадем, тоа е симбол на уживање. Ќе почувствувате радост која нема да биде условена со некој настан. Едноставно, ќе имате многу причини за да бидете среќни и ќе бидете благодарни на тоа. Доволно ви е што сте здрави, опкружени со луѓе кои ги сакате и со работа која ви причинува задоволство. Нема да можете да ги разберете луѓето кои постојано се жалат и кукаат над својата судбина. Ќе зрачите со позитивна енергја и ќе бидете омилени во друштвото.

Ако гледате излупен бадем

Ако во сон видите излупен бадем, тоа предупредува на грижа. Можно е да сте загрижени за иднината на фирмата во која работите. Во последно време дошло до многубројни промени од кои повеќето резултирале со неуспех. Иако не сакате тоа себе и на другите да го признаете, гледате дека бродот на кој пловите беспомошно тоне. Ќе бидете на маки дали да останете на него или да го напуштите.

Јадење бадеми

Кога сонувате дека јадете бадем, тоа означува пријатни вести. Веројатно ќе одите на лекарски преглед, бидејќи ќе ви се причини дека имате здравствен прблем. Анализите кои ќе ги направите ќе покажат дека сè е во ред и дека немате причини за грижа. Ќе добиете совет да внимавате на исхраната и почнете да се занимавате со физичка активност.

Бадем во цветање

Ако во сон видите бадем во цветање, тоа симболизира краткотраен успех. Ќе работите на проект кој ќе ви донесе нови искуства и познанства. Иако сè ќе изгледа идилично, ако премногу се опуштите може да имате пробеми. Вашата работа ќе бара константна работа на себе и усовршување.

Садење бадеми

Ако сонувате дека садите бадеми, тоа значи дека пред вас е еден мирен период во текот на кој ќе се чувствувате одлично. Веројатно трудот и работата која сте ја вложиле во нешто конечно ќе вроди со плод. Тоа ќе ви причинуав задоволство, а уште подраго ќе ви биде тоа што конечно ќе имате доволно време да се посветите на семејството и пријателите.

Доколку во вашиот сон некој друг сади бадеми, тоа симболизира добри вести. Ако  во последно време сте биле загрижени поради здравствената состојба на некој близок пријател или роднина, конечно ќе можете малку да се опуштите бидејќи ќе дознаете дека работите не се така лоши како што се чинело. Потрудете се да му/ѝ се најдете при рака, бидејќи тое е единствено што можете да го направите за него/неа.

Берење бадеми

Кога сонувате дека берете бадеми, тоа симболизира страв од неуспех. Во последно време работите не се одвивале онака како што сте се надевале. Тоа битно влијаело на вашата самодоверба, па се плашите дека вашите планови би можеле да се изјаловат. Сепак, нема причина за грижа, бидејќи сте и тоа како свесни дека тоа што го работите е сосема доволно и во блиска иднина можете да се надевате на успех. 

Ако во вашиот сон некој друг бере бадеми, тоа значи дека некој би можел да ги преземе заслугите за работата која вие сте ја направиле. Веројатно тоа и порано ви се случувало, но овој пат ќе знаете што да направите за да го спречите. Затоа не се срамете да го преземете она што е неопходно за да бидете наградени за својот труд и работа. 

Лупење бадеми

Кога сонувате дека лупите бадеми, тоа значи дека ќе откриете нечија тајна. Веројатно случајно ќе присуствувате на некој разговор за лица кои добро ги познавате. Сознанието ќе ве шокира, но тоа вам не ви дава за право и на другите да им зборувате за тоа. Не сте сигурни во вистината на тоа што сте го чуле, па затоа потрудете се да не ги ширите трачевите.

Ако во сон видите како некој друг лупи бадеми, тоа е предупредување дека покрај себе имате превртлива личност, некој кој со вас зборува едно а на другите друго. Можеби и не станува збор за лоша намера, но последиците би можеле да бидат лоши. Затоа добро внимавајте кому се доверувате и зборувате за идните планови.

Пржење бадеми

Ако сонувате дека пржите бадеми, телото ве предупредува дека сте се препуштиле на пороци. Веројатно уживате во нездрава храна, цигари или алкохол. На јаве уште не ги забележувате последиците од таквиот живот, но вам во сон потсвеста ви праќа јасна порака. Колку и да ви се чини дека од нешто не можете да се одрекнете, толку морате да верувате во девизата „подобро да се спречи отколку да се лекува“.

Кога сонувате дека некој друг пржи бадеми, тоа симболизира залуден труд. Можно е на некоја личност да се обидувате да ѝ ги објасните своите постапки и ставови, но тој/таа упорно одбива да ве сфати на вистинскиот начин. Од тоа „сврзано коло“ би можеле да се извлечете само ако на време сфатите дека не вреди својата енергија да ја трошите на такви расправи. 

Купување бадеми

Доколку во сон купувате бадеми, можеби ќе очекувате поголем паричен добиток. Можеби работодавецот конечно ќе ве награди со зголемување на платата или ќе ви се насмевне среќата на лото. Во секој случај дополнителните пари добро ќе дојдат на вашиот буџет, па ќе можете во своите планови да ставите и некој излет или патување.

Продавање бадеми

Ако сонувате дека продавате бадеми, би можеле да имате проблем со законот. Можно е да не сте платиле данок или казна за паркирање поради која ќе имате  проблем. Можеби вашиот долг нема да ве доведе пред суд, но ќе ви предизвика дополнителна главоболка.

Подарување бадеми

Кога сонувате дека некому му подарувате бадеми, тоа значи дека некој многу ќе се усреќи со добри вести. Можно е партнерот, родителите или некој од членовите на семејството да се израдува кога ќе им ги кажете новостите. За што и да се работи повеќе задоволство ќе ви донесе нивната реакција отколку вашиот сопствен успех.

Добивање бадеми на подарок

Доколку сонувате дека сте добиле од некој на подарок бадеми, тоа значи дека ќе имате среќа во љубовта. Личноста која ви се допаѓа ќе одлучи да го направи првиот чекор. Ако сте во брак или подолга врска, во вашиот однос би можело да се вмеша трета личност. Некого потсвесво сте го пуштиле во вашиот живот и сега на знаете како да се изборите со неговите/нејзините обиди да ви го наметне своето мислење и ставови.

Сонување мелени бадеми

Ако видите мелени бадеми, тоа подразбира на чувство на збунетост. Веројатно во блиско минато ви се случиле некои ситуации кои ве исфрлиле од колосек. Немате храброст да започнете ништо ново, бидејќи ве фаќа страв од неуспех. За тоа да го надминете обидете се да разговарате со некој кому му верувате. Ако, пак, таквата состојба продолжи, не се двоумите да побарате совет од стручњак.

Ако неодамна сте јаделе бадеми или сте подготвувале некој колач со бадеми, сонот не се толкува. Истото важи и ако на телевизија сте гледале прилог за ова растение.

Дефиниција за бадем

Бадем е дрво од фамилијата ружи. Неговиот плод и семе се користат во исхраната на човекот како овошје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg