Банда - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Банда

Term Main definition
Банда

Опасност, закани, семејни проблеми, грижи.

Што значи да се сонува банда?

Сонување дека гледате банда

Ако во сон видите банда, тоа предупредува дека ќе бидете во опасност. Можеби ќе се најдете на мета на крадец кој ќе сака да ве искраде. Тоа искуство ќе ве научи да водите сметка за своите предмети и секогаш со себе да носите солзавец или нешто слично што ќе ви помогне да се одбраните доколку ве нападнат.

Сонување дека бандата сте ја пријавиле во полиција

Доколку во сон бандата ја пријавите во полиција, тоа подразбира дека некој ќе ви се заканува. Веројатно ќе се искарате со личност која ќе прави нешто што е спротивно на вашите морални начела. Ќе го/ја предупредите да престане, но тој/аа нема да ве послуша, туку ќе биде многу дрзок/ка и безобразен/а кон вас.

Сонување дека сте виделе злосторство направено од банда

Кога во сон ќе видите злосторство направено од банда, тоа значи дека ќе бидете во страв за сопствениот живот. Можно е да дознаете доверливи информации што нема да смеете да ги откривате на никого. Константно ќе имате впечаток дека некој ве следи, а исто така ќе се плашите дека ќе им се случи нешто лошо на вашите најблиски.

Сонување дека вие сте член на банда

Ако во сон сте член на банда, тоа покажува дека ќе направите нешто за што не се согласувате. Веројатно другите ќе ве убедат да го сторите тоа, а вие нема да имате повеќе сила да им се спротивставите, па затоа ќе попуштите. На крај, ќе зажалите што не ја слушавте својата интуиција и не го направивте она што мислите дека е правилно.

Сонување дека блиска личност е член на банда

Доколку во сон блиска личност е член на банда, тоа подразбира дека ќе имате семејни проблеми. Можно е некој од членовите на семејството да се препушти на порок или да биде во лошо друштво. Ќе дадете сè од себе да го/ја  вразумите, но вашиот труд главно ќе биде залуден. Поради тоа во домот ќе владее напната атмосфера, па ќе се карате, наместо да се поддржувате едни со други и да бидете похармонични од кога било.

Сонувате дека сте ја напуштиле бандата

Кога во сон ќе ја напуштите бандата, тоа означува нов почеток. Веројатно ќе се преселите, ќе најдете нова работа, друштво, ќе се запишете на нов факултет итн. Ова ќе го доживеете како шанса да ги поправите грешките од минатото и да го постигнете она што отсекогаш сте го сакале. Нема да сакате да се вратите на стариот пат и целата ваша енергија ќе ја вложите во претстојните предизвици.

Сонување дека блиска личност ја напуштила бандата

Ако во сон блиска личност ја напушти бандата, тоа укажува на тоа дека ќе се смирите со пријател/ка. Можно е да сте се оддалечиле поради недоразбирање што ќе го решите во наредниот период. Ќе сфатите колку многу сте си недостигале  и ќе бидете во подобри односи од порано. Искрено ќе кажете што ве мачело и тоа веќе нема да се повтори.

Сонување дека членови на банда се уапсени

Доколку во сон се уапсени членови на банда, тоа значи дека ќе докажете дека сте во право. Веројатно ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле, па затоа ќе дадете сè од себе да го пронајдете виновникот. Во тоа ќе ви помогнат вистински пријатели, кои и покрај сè, ќе бидат сигурни дека ја зборувате вистината. Ќе бидете разочарани од многу луѓе затоа што тие лесно ќе ве осудат и нема да сакаат да слушаат што имате да кажете во своја одбрана.

Сонување дека членови на банда се убиени

Кога во сон се убиени членови на банда, тоа подразбира дека ќе се изборите со своите стравови. Можно е да доживеете стресна ситуација по што ќе ви биде потребна стручна помош. Ќе напредувате полека и ќе се соочувате со проблемите што сте ги потиснале, а кои потсвесно ве оптоварувале и ве правеле несреќни.

Сонување дека разговарате со членови на банда

Ако сонувате дека разговарате со членови на банда, тоа значи дека во блиска иднина ќе запознаете личност која би можела да ви го промени животот на подобро. Веројатно се работи за некој доста влијателен кој може да ви понуди добра работа. Бидејќи не сте многу задоволни од моменталната финансиска состојба, нема да се двоумите дали да ја прифатите оваа понуда или не. Можно е заминување во странство поради работа.

Ако сонувате дека некој друг разговара со членови на банда, веројатно се плашите за близок пријател или роднина. Можеби сте чуле дека се соочува со некои проблеми, но не знаете како да му помогнете. Ако има проблем со финансиите или проблеми со законот, навистина нема да можете да направите ништо. Меѓутоа, ако станува збор за здравствен проблем, најдобро би било да му дадете до знаење дека ја има вашата безрезервна поддршка.

Сонување дека се расправате со членови на банда

Кога во сон ќе се расправате со членови на банда, тоа значи дека ќе се ставите во опасност поради друга личност. Можно е некој да ве убеди на работа на колега да му „погледнете низ прсти“ и да не ја пријавувате грешката што ја направил, или да направите нешто многу глупаво од љубов. Во секој случај, самите ќе ги сносите последиците, без оглед на фактот што не сте директен виновник за проблемот, но сте биле под влијание на други луѓе.

Ако во вашиот сон некој друг се расправа со членови на банда, можно е да бидете сведок на непријатен настан, како тепање во кафеана или сообраќајна несреќа. Ќе се обидете да помогнете колку што е во ваша моќ, но не смеете да реагирате емотивно бидејќи тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

Сонување дека се тепате со членови на банда

Доколку сонувате дека се тепате со членови на банда, тоа значи дека некоја неправда ќе ве повреди. Вие нема да можете да го промените тоа, што дополнително ќе го закомплицира вашето и онака чувствително его. Не обидувајте се да исправате „криви Дрини“ и гледајте она што вие го правите да не биде погрешно или неправедно.

Кога сонувате дека некој друг се бори со членови на банда, тоа ја симболизира немоќта да промените некои работи во својот живот. Колку и да се трудите да направите сè како што сте замислиле и колку и да работите на реализација на своите планови, мора да се помирите со тоа дека некои фактори не зависат исклучиво од вас. Можно е да имате нереални очекувања од партнерот, познаници или деловни соработници, па доколку не сте задоволни од нивното однесување или работата, не двоумете се искрено да ги критикувате. На многумина тоа не им се допаѓа, но поради другите ваши квалитети тие не ви се спротивставуваат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте гледале филм или документарец за банди, тоа ви оставило силен впечаток, што од јаве сте го пренеле на сон.

Дефиниција за банда

Банда е група деликвенти кои вршат кривични дела.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg