Фенер

Term Main definition
Фенер

Фенер предупредува дека соседството ви подготвува нешто против вас, бидете внимателни.

Што значи да сонувате фенер?

Ако сонувате фенер

Ако во сонот видите фенер, тоа е предупредување да внимавате бидејќи некој ви подготвува нешто зад грб. Веројатно се работи за колеги на работа или факултет кои се љубоморни на вашиот успех и резултатите што ги постигнувате.

Ќе се трудат да ве изостават од секоја ситуација која бара сериозна полемика со цел да докажат дека сте незаинтересирани и недоволно компетентни да донесувате важни одлуки.

Ако сонувате дека носите фенер

Ако сонувате дека носите фенер тоа имплицира дека ќе преземете иницијатива. Можно е членовите на семејството да сакаат да ве заштитат од суровата реалност, но ќе дојде момент кога ќе морате да прифатите одговорност за своите постапки. Свесни сте дека е крајно време да пораснете и да се фатите во костец со многу проблеми.

Ако сонувате дека палите фенер

Кога сонувате дека палите фенер тоа укажува дека ќе откриете важна тајна. Можно е во претходниот период да се одбивале да ја погледнете вистината во очи и да ви било многу полесно да не размислувате за нештата на кои не можете да влијаете. Сте решиле проблемите да ги турнете под тепих, но нивното зголемување ќе станува сè поочигледно, па ќе мора да се соочите со вашите најголеми стравови.

Ако сонувате дека некој друг пали фенер

Доколку во вашиот сон некој друг пали фенер тоа значи дека некој ќе се обиде да ви наметне мислење, став или одлука за важно прашање. Можеби се работи за партнер/партнерка или некој постар член на вашето семејство. Сепак, вие тоа ќе го сфатите како обид за манипулација, па ќе одбиете да го послушате.

Со текот на времето ќе дознаете дали вашата одлука била правилна или неговиот/нејзиниот совет сепак сте требале да го послушате.

Ако сонувате дека гасите фенер

Сон во кој гасите фенер претставува важна одлука која би можела значително да ви го промени животот. Се наоѓате на крстосница, можеби бирате факултет или размислувате дали да прифатите понуда за работа во друг град.

Ова може да се однесува и на приватниот дел од вашиот живот, во смисла да не знаете дали да се определите за брак или за кариера. Што и да изберете ќе мора да ги сносите последиците. Нема сосема правилни одлуки, само некои се помалку некои повеќе поволни за вас.

Ако сонувате дека некој друг гаси фенер

Кога некој друг гаси фенер тоа значи дека сте наивни и лековерни и често дозволувате други да донесуваат одлуки во ваше име.

Ако купувате фенер

Ако во сонот купувате фенер тоа имплицира дека сте љубопитна личност. Сакате да стекнувате нови знаења, да запознавате интересни луѓе и да ги унапредувате своите вештини. Меѓутоа, оваа љубопитност се пренесува и во односите со луѓето, што значи дека сакате да озборувате.

Вие тоа не го правите од лоши намери, но секое озборување е на работ да ја премине границата на добриот вкус. Треба да поработите на тоа бидејќи има луѓе кои не сакаат озборувања, па би можеле да се дистанцираат од вас или да престанат да ви се доверуваат од страв дека ќе ги издадете.

Ако продавате фенер

Сон во кој продавате фенер значи дека имате талент да им го пренесувате знаењето на луѓето. Многу луѓе ве прашуваат нешто да им објасните бидејќи така им е полесно да сфатат некој проблем, задача или дилема. Ако не се занимавате со работа која подразбира педагошки пристап кон луѓето, тоа е вистинска штета.

Доколку по струка сте професор, наставник или воспитувач сте одбрале совршено занимање за себе, бидејќи децата ве сакаат, а нивните родители ве почитуваат.

Ако подарите фенер

Кога сонувате дека некому сте подариле фенер тоа значи дека имате тајна симпатија. Ви се допаѓа некој, но се плашите да му се приближите. Преферирате тивко да страдате што не сте заедно отколку да доживеете разочарување. Тоа веројатно потекнува од несигурност или комплекс кој го имате поради лошите искуства.

Меѓутоа, кога-тогаш морате да излезете од зоната на комфорот и да направите прв чекор кон среќата. Ако продолжите да пропуштате шанси кои ви се нудат веројатно засекогаш ќе останете сами.

Ако добиете фенер како подарок

Доколку некој ви подари фенер тоа е предупредување да ги отворите очите и конечно да сфатите нечии намери. Можеби личноста која е со вас  е во љубовни или во пријателски односи поради пари, положба во друштво, или од чиста здодевност, но вие тоа сè  уште не сте го воочиле.

Во блиско опкружување има некој чии мотиви за дружење со вас се неискрени. Веројатно сте воочиле за кого станува збор, но не сте презеле ништо по тоа прашање. Со некои луѓе треба да се поздравите на време, а не да дозволувате да ве искористуваат во секоја смисла.

Ако скршите фенер

Ако во сонот скршите фенер тоа значи дека среќата конечно ќе ви се насмевне. Нешто за кое долго време сте мечтаеле конечно ќе стане стварност. Можеби се однесува на факултет или на работа, а не е исклучено ниту дека ќе ги остварите своите желби кога е во прашање љубовта. Во секој случај, пред вас е еден многу убав период во кој ќе се чувствувате сакано, безгрижно и среќно. Искористете го на најдобар можен начин.

Сон во кој некој друг скршил фенер има негативно значење. Обично се однесува на проблеми на работа, во смисла опомена пред отказ, голема грешка поради која ќе се посрамите или лоши инвестиции. Ако се занимавате со приватен бизнис постои можност дека ќе ве измами некој од деловните партнери.

Иако парите што ќе ги изгубите нема да бидат големи, ќе бидете бесни на себеси бидејќи не сте сфатиле на време со кого си имате работа. Ова ќе го сфатите како важна лекција за во иднина.

Ако фрлите фенер

Ако сонувате дека сте фрлиле фенер тоа значи дека сте тажни, разочарани или бесни. Веројатно неодамна сте преживеале некоја стресна ситуација, па никако не можете да се опоравите сега. Чувствувате голема болка поради која помислувате да се одмаздите на оние кои ви ја причиниле. Сепак, овие негативни чувства нема ништо да вродат.

Обидете се да се фокусирате на други, многу поконструктивни нешта. Тоа не значи дека сето ова треба да го заборавите туку едноставно да не дозволувате бесот или потребата за одмазда да ви го раководат животот. Доколку некој друг фрли фенер во вашиот сон тоа значи дека ќе се најдете во многу непријатна ситуација.

Можеби ќе бидете сведок на некоја жестока расправија, кавга или пак физичка пресметка. Нема да знаете како да постапите, но ќе се обидете на мирен начин да му ставите крај на судирот. Внимавајте само вие да не испаднете виновни и да го „извлечете подебелиот крај“.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте користеле фенер, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за фенер

Фенер е рачна светилка, врамена во стакло или на друг начин, во која гори свеќа, нафта или петролеј.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg