Факел

Term Main definition
Факел

Да гледате: признание, успех во акција, среќни настани; да носите: обострана љубов, среќа; кој гори: успех на работа, успех во љубовта; изгасен: неуспех, разочарување, пропаст.

Факел ‒ што значи да сонувате факел или навивачка поворка со факели?

Гледање факел во сон

Ако во сон набљудувате факел, тоа симболизира признание во друштво. Во наредниот период ќе имате успех во повеќето деловни потфати. Ќе добиете унапредување кое долго сте го очекувале и вашиот труд ќе биде заслужено награден. Тоа ќе ви донесе успех во друштвото и сите кон вас ќе се однесуваат со почитување. Повеќе ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол и ќе уживате во сите благодети кои моќта ги носи.

Носење факел

Кога сонувате дека носите факел, тоа означува заемна љубов. Ќе сфатите дека сте ја нашле личноста со која можете сè да поделите и да се договорите. Ќе имате желба на сите да им кажете колку сте среќни и задоволни. Чувствата ќе ви бидат возвратени, па можно е наскоро да планирате свадба или заеднички живот.

Факел ако гори

Кога сонувате факел кој гори тоа укажува на успех во љубовта и на работа. Ќе   имате многу причини за славје, па можно е наскоро и да приредите едно. Ќе сакате да ги соберете пријателите и со нив да поделите убави настани од животот. И покрај многуте проблеми, ќе се изборите за вашите соништа и ќе живеете онака како што сакате. 

Изгасен факел во сон

Кога сонувате изгасен факел, тоа предупредува на пропаст. Доколку планирате да присуствувате на навивачка поворка со факели, ќе мора да бидете многу претпазливи. Може да се случи да бидете повредени поради туѓа вина и да имате сериозни последици. Ако одите на навивачка поворка со факели, можно е вашиот омилен тим да го изгуби натпреварот.

Изгасен факел уште може да симболизира разочарување. Ќе дознаете нешто за личноста на кој ѝ се восхитувате и која ја сметате за идол. Ќе видите дека тоа е обичен човек кој греши. Тоа сознание тешко ќе ви падне, но ќе ви биде од корист во иднина.

Ваквите соништа се пропратени со чувство на возбуда и среќа, а понекогаш е присутна паника, страв или тескоба.

Сонување дека палите факел

Кога сонувате дека палите факел, тоа значи дека ќе се грижите без причина. Проблемот кој моментно го имате не е нерешлив, само ако си допуштите да го согледате од сите агли. Посоветувајте се со пријател или познаник или со некоја личност чија е тоа струка. Кога ќе сфатите дека сте го пропуштале очигледното, моментниот проблем ќе ви биде смешен.

Ако сонувате дека некој друг пали факел, постои можност дека ќе влезете во остра расправа со колега на работа или со професор на факултет. Ќе се држите до својот став иако тој/таа ќе укажува дека тоа е погрешно. Ќе сфатите дека ви е многу важно од тоа да излезете како победник, бидејќи со тоа би си докажале себеси и на другите дека вредите. Размислете дали е тоа вистински пат да се докажувате.

Сонување дека гаснете факел

Доколку сонувате дека гаснете факел, тоа симболизира некое незадоволство. Можеби не ви се допаѓа работата што ја работите или не сте среќни со партнерот. Во секој случај, трудете се тоа никој да не го забележи, бидејќи би значело пораз на вашата идеја секоја одлука да ја носите сами, без вплеткувања и совети од други луѓе. Сепак, сега ќе сфатите дека не сте најпаметни и дека понекогаш е важно да слушнете и друго мислење. Помирете се со ситуацијата или барајте излез, немате трета опција. 

Ако сонувате дека друг гаси факел, тоа значи дека ќе ви пропадне некој план. За некоја идеја размислувате веќе подолго време, но никому не сте рекле. Кога конечно ќе им обелодените на сите што сте наумиле, ќе сфатите дека такво нешто моментно не е изводливо. Сепак, не си дозволувајте луксуз да се откажете прерано. Уште има надеж дека ќе ги постигнете своите цели. 

Сонување дека сте се изгореле од факел

Кога сонувате дека сте се изгореле од факел, тоа укажува на недостиг на мотивација. Веројатно во последно време работите сè затоа што знаете дека морате. Немате волја за неки нови идеи, а ни намера да излезете од зоната на комфор. Сепак, тоа не ве спречува да мечтаете за успех. Ќе мора да се помирите со тоа дека успехот не доаѓа сам по себе, туку мора да вложите доста труд за нешто да постигнете.

Ако сонувате дека некој друг се изгорел на факел, тоа значи дека пријател ќе ви бара совет или пари. Ќе ве замоли да му помогнете, бидејќи се нашол во многу тешка ситуација. Свесни сте дека сам е виновен за сè, но тоа нема да му го кажете. Ако му позајмите пари, не очекувајте да ви ги врати во скоро време.

Сонување дека се гушите во чад од факел

Сон во кој вие се гушите во чад од факел симболизира немоќ. Веројатно сте се нашле во ситуација на која не можете да влијаете, а која ви задава многу главоболка. Ако во вашот сон некој друг се гуши во чад, тоа значи дека ќе се обидете да помогнете на пријател кој има финансиски проблеми.

Фрлање факел

Доколку сонувате дека фрлате факел на некого или на нешто, тоа подразбира дека се плашите за своето здравје. Наместо дијагнозата и лекот да ги барате на интернет, посетете лекар. Би морале да го промените начинот на исхрана и во секојдневието да воведете повеќе физички активности за да се чувствувате подобро.

Ако сонувате дека некој ве погодил со факел, веројатно ќе дојдете на идеја како своето хоби да го претворите во исплатлива работа. Можеби нема да наидете на разбирање на околината за своите постапки, но тоа нема многу да ве мачи. Знаете што сакате и како тоа да го остварите, затоа немојте да се откажете на првата препрека.

Сонување олимписки факел

Кога сонувате олимписки факел, тоа значи дека сте амбициозна личност која со сите сили се труди да го оствари она што го зацртала. Колку и понекогаш да ви е тешко, вие храбро туркате напред, бидејќи знаете дека резултатите нема да изостанат. Многу го цените својот труд и работа, затоа вас и колегите и пријателите повеќе ве почитуваат. Навреме сте сфатиле дека седејќи со скрстени раце не можете на ништо да се надевате, затоа целото свое време сте го вложиле во тоа утре да ви биде подобро.

Ако сонувате дека вие носите олимписки факел, веројатно на себе сте презеле многу обврски. Свесни сте за големата одговорност, па понекогаш се плашите дали ќе можете да направите сè што се очекува од вас. Можете да бидете спокојни кога е работата во прашање, бидејќи надредените ќе умеат да го препознаат вашето залагање.

Доколку во вашиот сон некој друг носи олимписки факел, тоа подразбира дека не сте подготвени да преземете одговорност за своите постапки. Полесно ви е да следите, отколку некој вас да ве следи. Веројатно понекогаш сте незадоволни, бидејќи сметате дека некој презел заслуги за вашата работа, но мора да знаете дека тој пат сами сте го бирале.

Сонување поворка со факели

Среќа и веселба. Возбуда на јаве.

Ако неодамна сте биле на натпревар или сте гледале спортски натпревар на кој присутните палеле факели, толкувањето на ваквите сништа е поедноставно. Тоа оставило силен впечаток на вас, па виденото на јаве сте го проектирале на сон.

Дефиниција за факел

Факел е дрвен стап премачкан со запаливи материјали.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg