Флертување - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Флертување

Term Main definition
Флертување

Ве очекува среќа, радост во деновите кои следат. 

Што значи да сонувате флерт?

Ако во сон флертувате со некого, тоа укажува дека ве очекува среќа. По природа сте многу весели и лесно запознавате нови луѓе и склопувате  пријателства со нив. Се трудите да ги сослушате другите и да ги посоветувате, а не да им го наметнувате вашето мислење и да ги осудувате кога прават нешто што не е во согласност со моралните кодекси кои ги почитувате.

Сонување дека некој со вас флертува, подразбира дека сте пребирливи. Можно е да сте поставиле критериуми кои сметате дека вашиот партнер/ка треба да ги исполнува, поради што сте сами или незадоволни од врската/бракот. Иако копнеете за интимност, не сте подготвени да го прифатите она што сметате дека е под вашето ниво.

Кога во сон одбивате флерт, тоа симболизира верноста. Вие сте личност која го одржува зборот и немате потреба да привлекувате туѓо внимание за да се чувствувате пожелно. Успешно се борите против искушението и никогаш не ѝ дадовте причина на саканата личност да се сомнева во вас и да ве контролира.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте играле или сте одбиле да играте љубовна игра, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за љубовна игра

Флерт е кокетирање и додворување без сериозни намери.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg