Фалсификување

Term Main definition
Фалсификување

Ако фалсификувате нешто во сон тоа значи дека се занимавате со нечесни работи, суд, проблеми со законот.

Што значи да сонувате дека фалсификувате нешто?

Ако сонувате дека фалсификувате нешто

Ако во сонот фалсификувате нешто, тоа е предупредување дека ќе си имате работа со судот. Можно е, после сите негативни искуства, да тргнете по линија на помал отпор и да се обидете да заработите на начин кој не е во согласност со законот. Ќе се раководите според логиката дека ако сите го прават тоа и поминуваат неказнето, зошто вие би биле исклучок.

Таквиот начин на размислување и непромислени постапки ќе ви создадат големи проблеми и ќе го доведат во прашање авторитетот и почитта кои со години сте ги граделе.

Ако сонувате дека некој друг фалсификува нешто

Ако сонувате дека друг човек фалсификува нешто тоа имплицира дека ве гризе совеста. Веројатно сте присуствувале на нешто што не го одобрувате и што никогаш не би го направиле, но морате да дадете збор дека нема никому да кажете.

Тоа не мора да биде поврзано само за кривично дело, туку и за тајна која ви е доверена а се однесува на личност која ви е блиска. Ќе ви биде непријатно секојпат кога ќе ја погледнете во очи и ќе забележи дека нешто не е во ред. Успешно ќе го сочувате ова сознание за себе и ќе се тешите дека некогаш е подобро да се премолчи отколку да се живее во лаги.

Ако фалсификувате пари во сон

Доколку во сонот фалсификувате пари тоа укажува на морална дилема. Можеби ќе се двоумите дали долгогодишниот труд, работа и добра репутација да ги ставите на коцка поради краткотрајно задоволство.

Веројатно во блиско опкружување имате некого кој се обидува да ве наговори на нешто, а вие не сте способни трезвено да ја согледате ситуацијата и ќе одлучите да се потпрете на поривот.

Ако сонувате дека ве обвинуваат за фалсификување на пари

Овој сон е предупредување да ги промените приоритетите и конечно да сфатите кои се вистинските вредности во животот. Можеби премногу го бркате богатството, па сте ги занемариле пријателите и семејството. Сметате дека сами можете да си обезбедите безгрижна иднина и се стремите да го направите тоа што побргу.

Затоа многу работите и немате време за оние кои ве сакаат. Сепак, би требале да се запрашате дали ви е поважно да се збогатите или да ја имате поддршката од најблиските пријатели и членови на семејството.

Ако фалсификувате лична карта во сон

Кога фалсификувате лична карта во сон тоа значи дека залудно се обидувате да бидете нешто што не сте. Поради другите луѓе сте се промениле, па често глумите дека нешто ви се допаѓа дури и кога тоа не е вистина.

Вашиот проблем лежи во тоа што сакате луѓето по секоја цена да ве прифатат, а не да ве засакаат поради доблестите и мааните кои ги имате. Долгорочно гледано, со овој став многу бргу ќе си го изгубите идентитетот, а кога еден ден тоа ќе успеете да го сфатите ќе биде предоцна.

Ако фалсификувате возачка дозвола на сон

Ако во сонот фалсификувате возачка дозвола тоа значи дека треба да бидете внимателни во сообраќајот. Можно е да направите сериозен прекршок или нечија невнимателност да ви го загрози животот. Затоа немојте уморни или пијани да седнувате зад волан и потрудете се како пешак да не правите грешки кои би можеле да ве чинат здравје.

Ако фалсификувате пасош во сонот

Доколку во сонот го фалсификувате пасошот тоа значи дека нешто криете. Имате тајна која сакате да ја понесете со себе во гроб. Можеби се работи за некој грев од минатото чие разоткривање би ја променило сликата која луѓето ја имаат за вас, а можеби таа тајна би го повредила оној кому многу му значите.

Затоа никогаш потполно не можете да бидете искрени со вашиот сакан и тоа тешко ви паѓа, но сте свесни за ризикот и ќе се потрудите никогаш да не излезе тајната на виделина.

Ако сонувате дека сте виновни за фалсификување на пари

Сон во кој полицијата, обвинителството или судот ве обвинува за фалсификување на документи, тоа е знак дека премногу се трудите да ви веруваат луѓето. Затоа честопати се претставувате како подобар и поквалитетен работник отколку што навистина сте.

Сето тоа произлегува од вашата несигурност која сакате да ја сокриете зближувајќи се со оние од кои имате корист. Ако малку подобро размислите ќе согледате дека сте презеле преголем товар врз себе и дека нема да можете уште долго да го носите.

Ако фалсификувате потпис

Доколку сонувате дека фалсификувате потпис на личност која на јаве ја познавате тоа значи дека му/и завидувате. Можеби има добра работа, убава врска или брак или генерално е поуспешен од вас. Наместо да го сметате за мотивација за да остварите нешто повеќе и самите, вам ви е полесно да бидете огорчени. На овој начин се доведувате во лоша положба, а нему/нејзе не можете да им наштетите.

Ако фалсификувате потпис на личност која не ја познавате тоа значи дека ќе прифатите понуда за работа која не е во склад со законот. Свесно ќе го преземете тој ризик бидејќи ви се потребни пари. Поради неискуството во ваквите зделки би можеле да наидете на големи проблеми. Затоа би било подобро да размислите пред да направите нешто што би можело да ја загрози вашата иднина.

Кога сонувате дека некој го фалсификувал вашиот потпис тоа значи дека имате непријател/непријателка или соперник/соперничка. Ова може да се однесува на вашиот приватен или на деловен живот. Ако сте во врска или во брак обрнете внимание на то со кого партнерот го поминува слободното време. Немојте да го/ја обвините за нешто бидејќи сигурно не е виновен/виновна , но е сосем извесно дека некој се обидува да го/ја заведе. Ако неодамна сте добиле нов колега на работа, можеби го преферира вашето работно место и ќе се обиде што побргу да го добие.

Ако сонувате дека сте обвинети за фалсификување на потписи

Овој сон е последица на грижа на совеста. Можеби на јаве сте направиле што поради кое денес се срамите. Ако се однесува на близок колега или соработник, треба да му упатите извинување. Морате да продолжите да соработувате со оваа личност, па во спротивно би ви било непријатно да го погледнете во очи.

Друго значење е дека сте ветиле нешто а не сте го исполниле. Можеби сте убедиле пријател или партнер дека ќе му помогнете околу голема задача, но во последен момент ви излегла некоја обврска, па не сте се појавиле на договореното место и во договореното време. Наместо да му помогнете или да му се јавите и да дадете објаснување за ситуацијата, вие накнадно ќе испратите порака. Судејќи по сево ова не е ни чудо што ве гризе совеста.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или направиле фалсификат, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за фалсификат

Фалсификат е измена на постојниот или правење нов предмет или документ со намера некој да се измами или да се оштети за пари.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg