Факултет

Term Main definition
Факултет

Сонувањето на факултет често е знак дека имате потреба од промени и дека треба да тргнете напред, да научите нови работи.

Што значи ако сонувате факултет?

Ако сонувате дека сте студент на факултет е знак дека сакате или сте подготвени да научите нешто од некого.

Кога сонувате дека сте на факултет сугерира дека се занимавате со прашања за напредување во животот со кои сте збунети и барате начини да го искористите целиот свој потенцијал.

Во нашето општество вообичаено е мислењето дека луѓето го достигнуваат својот врв на одредена возраст, дека до таа возраст постигнале и дале максимум, па ако сте ја пречекориле одредената возраст веќе не можете да постигнете нешто повеќе.  Ако погледнете наоколу, ќе видите голем број на луѓе кои мислат дека се премногу стари за да постигнат нешто повеќе во животот за да го достигнат својот целосен потенцијал. 

Нашето општество постојано не уверува дека младите ги остваруваат своите соништа и го достигнуваат својот максимум и дека колку повеќе години имаме, толку помалку имаме шанси да го постигнеме тоа. Ова донекаде може да држи вода во некои работи, како на пример во спортот, но во повеќето други области не е така.  Можеме да го промениме нашиот живот на подобро на која било возраст. Никогаш не е доцна да ги отклучите своите таленти и да започнете да го реализирате својот потенцијал.

Без разлика на вашата возраст, пол, религија или финансиска состојба, соништата за факултет ви кажуваат како можете да го отклучите вашиот потенцијал и да постигнете успех.  Секако, со труд, учење и работа.

Еден од основните фактори за да завршите факултет е верувањето дека можете да завршите факултет.  Еден од најважните фактори за исполнување на сопствениот потенцијал е верувањето дека можеме да направиме повеќе. Ако мислите дека сте дале се од себе и не можете да дадете повеќе, тоа е сигурен начин за уназадување. Треба да верувате во себе и во вашата способност да ги надминете вашите ограничувачки верувања.

Ако сонувате дека сте влегле на факултет и ја гледате зградата одвнатре.

Сугерира дека ќе се ослободите од лошите навики но и дека сте се поттикнале на нови потези.

Сонот дека го напуштате факултетот е знак за промена на подобро.

Ако сонувате дека не можете да најдете просторија во факултетот.

Ова е знак на грижа за работите што ве опкружуваат и кои моментално се случуваат.

Ако сонувате дека сте на испит за кој не сте подготвени.

Ова е знак на преиспитување, поточно дали сте подготвени за промени, дали сте подготвени да донесете одлука и да барате начини за подобрување на ситуацијата. Овој вид на сон ви кажува дека мислите дека не сте доволно подготвени за она што ви го носи животот или за некои конкретни предизвици пред вас. Неподготвеноста на испитот зборува за внатрешни кочници и блокирања кои можат да бидат објективни, но и субјективни кои самите си ги наметнуваме.

Ако сонувате дека му поставувате прашање на професор на факултет.

Ова е знак дека треба да обрнете внимание на луѓето околу вас и од кого можете да побарате совет за тоа што ве мачи. Овој сон сугерира дека не мора да знаете сè сами и дека има луѓе од кои можете да научите нешто и кои можат да не насочат во вистинската насока.

Доколку сонувате дека сте исфрлени од факултет.

Ова сугерира проблеми, т.е., промени во она што сакате да го направите, а што е поврзано со учење и усовршување и напредување. Тие промени не мора да бидат лоши, само развојот на ситуацијата ќе отстапува од она што сте го замислиле. Соништата за тешкотиите и проблемите на факултетот зборуваат за ограничувања кои другите ги поставуваат пред нас, но и за ограничувања кои си ги наметнуваме со нашите погрешни верувања.

Генерално, сонувањето факултет или образовна институција претставува одреден страв од општествените норми или страв на иднината. Меѓутоа, во исто време, таков сон секогаш сугерира дека имате способност да се издигнете над сите тешкотии и да постигнете успех.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg