Фудбалер/ка - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Фудбалер/ка

Term Main definition
Фудбалер/ка

Доколку во сонот видите фудбалер веројатно ќе остварите успех за кој сите ќе ви честитаат.

Што значи да сонувате фудбалер/ фудбалерка?

Ако сонувате фудбалер

Доколку во сонот видите фудбалер веројатно ќе остварите успех за кој сите ќе ви честитаат. Ќе докажете дека се исплати да бидете вреден и упорен, па сето тоа радо ќе го набивате на нос на сите оние кои не верувале во вас. Ќе уживате во пофалби кои ќе пристигнуваат од сите страни.

Подгответе се за критики за оние кои не можат да поднесат туѓ успех.

Не смеете да дозволите некој да ви ја расипува среќата.

Ако сонувате фудбалерка

Добро здравје, романтични и страствени моменти на јаве.

Ако разговарате со фудбалер

Кога сонувате дека разговарате со фудбалер тоа значи дека во блиско опкружување имате некој сериозен манипулатор. Личноста која ја сакате и на која и верувате може да ве наговори на се што ќе посака, дури и кога себеси си правите штета. Размислите зошто ви е потребен водич во животот.

Доволно сте способни самите да се носите со сите можни предизвици кои ќе ви се најдат на животниот пат, сигурно не ви треба тутор или учител на овие години.

Ако разговарате со фудбалерка

Успешно ќе се додворувате некому.

Ако водите љубов со фудбалер

Разочарување, изневерување, несреќен живот. Лекомислено ќе прифатите некаква обврска.

Ако водите љубов со фудбалерка

Здравје, среќа. Романтични моменти на јаве.

Ако се расправате со фудбалер

Ако во сонот се расправате со некаков фудбалер тоа имплицира дека речитоста и елоквентноста ќе ви помогнат да се извлечете од проблеми. Ќе сфатите дека не вреди да се расправате или карате, туку подобро е полека, аргументирано да го изнесете својот став.

На тој начин само ќе ги придобиете нови симпатии и најголемите непријатели ќе ги омекнете.

Ако се тепате со фудбалер

Сонот во кој се тепате со фудбалер укажува на некаква завист. Многу голема веројатност има во блиското опкружување да имате некого за кого верувате дека е посреќен и поуспешен од вас. Наместо тој да ви биде мотивација и самите да станете подобри, вам ви е полесно да го презирате.

Обидете се да сфатите дека нештата не биле секогаш онакви какви што ви се чинат и повеќе време вложете во сопствениот напредок  и среќа. Кога ќе почнете да се позанимавате со сопствените грижи и проблеми, туѓиот живот ќе ви стане потполно безначаен.

Ако бегате од фудбалер

Ваквиот сон е предупредување дека проектот кој неодамна сте го започнале и напуштиле мора да биде завршен. Веројатно во некој момент сте сфатиле дека не треба да губите време на нешто неисплатливо, но и понатаму ве гризе совеста зошто не сте ја завршиле работата. Посветете малку време на тоа, можеби нештата не се така лоши како што ви се чинат.

Ако убиете фудбалер

Доколку сонувате дека сте убиле фудбалер тоа значи дека ќе се најдете на мета на озборувања. Некои ваши постапки ќе ги заинтригираат драгите луѓе од вашиот живот, па ќе почнат да шират приказни за вас. Наместо залудно да го трошите времето на деманти, посветете им се на луѓето и нештата кои ги сакате. Сепак обрнете внимание кому  се доверувате.

Ако во сонот видите мртов фудбалер тоа симболизира загриженост за кариерата или за иднината. Можеби се плашите дали ќе можете да пронајдете или задржите работно место, а можеби тоа што го работите не ви донесува финансиска стабилност. Не би било лошо кога би се обиделе да заштедите малку пари или да пронајдете дополнителна работа.  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg