Маќеа

Term Main definition
Маќеа

Сонување дека имате маќеа значи дека ве демне неволја, очекувајте кавги.

Што значи да сонувате маќеа?

Ако сонувате дека имате маќеа, тоа е предупредување дека ве демне несреќа. Можно е животот никогаш да не ве галел и да сте биле повеќе сами отколку со некој што навистина се грижел за вас. Се чувствувате несигурно и ранливо што многу луѓе го користат за да ве повредат. Понекогаш мислите дека никој не е на ваша страна, но се случува да бидете и позитивно изненадени со некој коментар или нечија добрина.

Сонување дека вие сте некому маќеа подразбира дека ќе бидете неправедни. Може да се случи погрешно да ја процените личноста со која работите и да бидете уверени дека не е искрена со вас. Бидејќи не сакате лаги и не сакате некој да ве смета за наивни, ќе изговорите груби зборови за кои ќе се каете во иднина.

Кога во сон ja прегрнувате маќеата, тоа укажува дека ќе му простите на непријател. Вие сте личност која се труди да не негува омраза во своето срце затоа што знаете дека нема да имате корист од тоа. Како што би сакале некој да го прифати вашето извинување, така и вие ќе ја подадете раката и ќе заборавите на лошите работи што се далеку зад вас.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте прегрнале маќеа, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за маќеа

Маќеа е жена која ја заменува мајката на децата ако нивниот татко се ожени повторно по развод.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg