Мандарина

Term Main definition
Мандарина

Јадење мандарини: време е за нов почеток. Гледање во сон: желба за слатки залаци.

Што значи да сонувате мандарини?

Мандарините се симбол на сочност, интензивна арома и желба за слатки залаци. Што мандарините претставуваат во нашите соништа, ќе се обидеме да ви опишеме во следните редови.

Ако сонувате дека јадете мандарина

Кога сонувате дека јадете сочна мандарина, тоа обично значи дека е време за нови почетоци. Ова може да важи за вашиот деловен живот, но во повеќето случаи станува збор за нови почетоци во љубовта и социјалниот живот.

Кога станува збор за работата, сонувањето како јадете мандарини значи дека е време за нови проекти, нови идеи и заслужен напредок. Кога се работи за љубов, мандарините означуваат крај на проблематичниот период и свртување нови страници исполнети со уживање и среќа.

Ако сонувате стебло полно со мандарини

Соништата за дрво полно со плод од мандарина по правило претставуваат успех, како во бизнисот, така и во другите полиња од животот. Одраз на вашите аспирации и вложениот труд, најдобро се гледа како стебло што почнува да буи од плод и на  тој начин ви укажува дека е време да ги соберете плодовите од својата работа.

Ако сонувате стебло без плодови

Ако во соништата гледате стебло од мандарина без овошје, или стебло кое се суши, тоа може да значи дека ја губите вербата во она во што силно верувавте досега. Некои идеали се уриваат, а работите не се онакви какви што мислевте дека се.

Време е да се преиспитате и можеби да свртите нов лист, што се однесува до некои работи во животот.

Ако сонувате дека некој ви дава мандарини

Кога во сон некој ви дава или ви носи мандарини, дојдено е време да бидете во центарот на вниманието. Вашиот изглед, вашите идеи, ќе излезат на виделина повеќе од кога било, и сите проблеми што можат да ви се најдат на патот ќе станат лесно надминати.

Во борбата против непријателите и сите можни проблеми, ќе имате многу сојузници меѓу семејството и пријателите.

Ако сонувате дека пиете сок од мандарина

Ваквите соништа укажуваат дека лошите времиња се зад вас и дека ви претстои поубав период, обележан со среќни и исполнети моменти. Време е за промени што ќе внесат освежување во вашиот живот и ќе ви помогнат да ја задоволите жедта за нови работи и за нови настани во вашиот секојдневен живот.

Ако сонувате дека берете мандарини

Соништата во кои берете мандарини од стебло често немаат позитивен контекст и може да значат дека ќе изгубите нешто многу битно во вашиот живот. Некој може да ве напушти, вие може ненамерно да избркате некого, но може да им наштетите и на другите. Со вакви соништа бидете особено внимателни и преиспитајте ги своите одлуки и постапки.

Ако сонувате расипани и кисели мандарини

Ако во соништата ви се појават скапани мандарини, вашата љубовна врска или блиско пријателство со некого веројатно ќе бидат во искушение. Пред вас е можно  раскинување на врската, или пријателството, а на вас е да направите сè што можете за да не се случи тоа.

Ако сонувате кисели мандарини, можна е болест или некој поголем здравствен проблем. Мандарините кои се оштетени и од нив се цеди сок, значат дека е време да се направи општ здравствен преглед, бидејќи е можно некоја болест тајно да ве напаѓа.

Ако сонувате дека давате мандарини

Кога во своите соништата некому му подарувате мандарини, тоа често значи дека ви се допаѓа таа личност или имате позитивни мислења и чувства кон неа. Ако таа личност ги прифаќа со одушевување, голема е веројатноста дека и вие ѝ се допаѓате, но ако некому подарувате расипани мандарини, тоа означува ваша љубомора кон таа личност, како и незадоволство од нејзините животни успеси.

Дефиниција за мандарини

Мандарина е овошје од фамилијата цитруси, потекнува од Јужна и Југоисточна Азија, и се карактеризира со исклучителна сочност, сладок и примамлив вкус и бројни хранливи вредности.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg