Манекен / ка

Term Main definition
Манекен / ка

Сонувањето предупредува дека некој те клевети, ја кријат твојата вредност.

Што значи да сонувате манекен/ манекенка/ модел?

Ако во сон гледате манекен/ка, тоа е предупредување дека некој ве клевети. Можно е да наидете на нелојална конкуренција што ќе стори сè за да ве исфрли од игра. Бидејќи не сакате да го правите истото како и тие, ќе мора да пронајдете начин да избегнете стапици и со помош на вашите квалитети да покажете колку вредите.

Сонување дека вие сте манекен/ка укажува дека луѓето погрешно ве проценуваат. Веројатно сте ладни и одбивни на прв поглед затоа што не сакате да дозволите секому да ви се приближи и да ја злоупотреби вашата доверба. Лошите искуства од минатото ве научија да бидете претпазливи, но се случува понекогаш да претерате и да испратите погрешна порака дури и до личноста која ви се допаѓа.

Кога во сон разговарате со манекен/манекенка, тоа подразбира дека не сте сигурни за блиски луѓе. Ова е посебно се однесува на вас доколку имате многу пари кои ќе направат да се посомневате и да се прашувате дали и без нив би биле толку популарни во друштвото. Ќе го смените однесувањето и ќе ги тестирате луѓето од околината за да видите кои ви се вистински пријатели.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе или сте разговарале со некој манекен, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg