Маска (маскенбал)

Term Main definition
Маска (маскенбал)

На јаве си неискрен, ги изневеруваш пријателите.

Што значи да сонувате маски (маскенбал)?

Ако во сон гледате маска, тоа подразбира дека сте непредвидливи. Можно е често да го менувате расположението и да им се покажувате на луѓето во различни изданија, поради што тие никогаш не се сигурни како да се однесуваат во ваше  друштво. На овој начин сакате да ја тестирате нивната лојалност и да откриете што навистина ви мислат.

Сонување дека носите маска укажува на тоа дека ќе се фалите. Вие сте личност која има високо мислење за себе и секогаш се трудите да ги истакнете вашите предности и добри страни. Веројатно на тој начин го прикривате недостигот на самодоверба трудејќи се да се убедите и себеси и другите во она што би сакале да е вистина.

Кога во сон гледате маскенбал, тоа значи дека сте опкружени со неискрени луѓе. Можно е да немате никого за кого би можеле да кажете дека ви е вистински пријател и со сигурност да тврдите дека тој ќе ви се најде во неволја. Тешко ја  поднесувате таквата вистина и се трудите во секој гест на блиските луѓе да најдете нешто добро што би ја повратило вербата во човештвото.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте носеле маска или сте биле на маскенбал, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за маски (маскенбал)

Маската е предмет со кој човекот го крие лицето, а маскенбалот е карневал под маски.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg