Мајмун

Term Main definition
Мајмун

Сонување мајмун предупредува да се чувате од полтрони, болест, измама.

Што значи да сонувате мајмун?

Кога во сон гледате мајмун, тоа е предупредување да се чувате од полтрони. Можно е да сте опкружени со луѓе кои само кимаат со главата за сè што правите. Иако во моментот се чувствувате добро, подоцна ќе имате последици кои тешко ќе ги  санирате. Инаку, не сакате критика, па затоа на сите им е полесно да ви ласкаат и да ве тапкаат по рамо.

Сонување дека се однесувате како мајмун подразбира дека ќе кренете раце од сè. Веројатно ќе сфатите дека залудно трошите зборови за да им укажете на проблемите на вашите најблиски, поради што ќе се откажете и ќе ги оставите да работат на своја штета. Ќе ви биде тешко тоа да го гледате, но ќе сфатите дека најдобро е секој да учи од своите грешки.

Ако во сон бегате од мајмун, тоа значи дека немате причина да се плашите. Можно е да имате личност на работа или на факултет која за многумина е страв и трепет, но кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека тој/таа само бара ред, работа и дисциплина. Бидејќи нема да сакате да го/ја разлутите, ќе се трудите да ги завршите сите ваши обврски во утврдениот рок.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе мајмун во живо или на телевизија, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мајмуни

Мајмун е назив за животински вид од редот на примати кај цицачите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg