Матарка

Term Main definition
Матарка

Ако сонувате празна матарка тоа ве советува да се откажете од патот; полна е симбол на веселба; ако пиеш од неа ќе заборавиш на тешкотиите.

Што значи да сонувате матарка?

Матарка на сон има повеќе значења во зависност од контекстот во кој се појавува и од деталите кои следат.

Ако сонувате празна матарка

Ако на сон видите празна матарка тоа имплицира дека би требале да се откажете од патот на кој се спремате да заминете. Постои можност дека на патувањето ќе се изморите повеќе отколку што ќе се одморите. Застоите, редовите и метежите во сообраќај би можеле да ви го расипат воодушевувањето.

Ако сонувате полна матарка

Доколку сонувате полна матарка тоа значи дека ве чекаат убави моменти со семејството и со пријателите. Можеби ќе направите прослава или ќе бидете поканети на свадба, крштевка, роденденска забава или некоја друга свеченост.

Ако пиете од матарка

Кога сонувате дека пиете од матарка тоа значи дека потсвеста ве предупредува дека би требале да бидете внимателни и да не се опуштате. Многуте грижи, стрес и обврски на работа почнале да ве гушат, па телото ве потсетува дека е време да направите пауза. Заминете на кафе или дружење со пријателите, прочитајте книга или уплатете си масажа за да заборавите на сè што ве мачи во последно време.

Сон во кој гледате дека други пијат од матарка укажува на тоа дека треба да се осамостоите.  Навикнати сте големите одлуки во вашиот живот да ги донесува некој друг – вашите родители или партнерот/партнерката, за да немате никакви одговорности. Без оглед на тоа дека ви е убаво така да живеете, крајно време е да преземете контрола над својот живот. Тоа можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете да живеете како возрасна личност.

Ако сонувате дека делите матарка со некого

Доколку во сон делите матарка со некоја личност тоа симболизира себичност. Своите чувства и потреби веројатно сте ги ставиле пред туѓите.

Така не само што сте ја повредиле личноста која ве сака и ве почитува, туку сте си го покажале своето вистинско лице. Можеби од ова ќе извлечете голема поука.

Ако купувате матарка

Ако сонувате дека купувате матарка тоа значи ќе ви биде потребна поддршка од семејството или од пријателите за да ја надминете кризата во која сте западнале. Не двоумете се да побарате помош, сигурно ќе добиете добар совет или макар ќе дознаете што не треба да правите.

Ако продавате матарка

Ако во сон продавате матарка тоа имплицира дека треба да го рационализирате трошењето на парите. Вие сте личност која материјалните нешта воопшто не ја исполнуваат, па затоа обожавате да купувате подароци за блиските.

Многу луѓе ве сакаат и почитуваат поради тоа, но често се доведувате во ситуација кога не можете да ги подмирите ниту основните потреби. Безброј пати сте ја докажале својата љубов кон другите, време е да покажете дека се сакате себеси. Заштедете некој денар за црни денови.

Ако подарите матарка

Кога сонувате дека некому сте подариле матарка тоа значи дека би можеле да ви се оствари некоја долгогодишна желба. Можеби конечно ќе почнете да ја работите работата што ја сакате или поради школување или кариера ќе се преселите во друг град или држава. Оваа промена ќе ви дејствува позитивно, па многу луѓе ќе забележат дека изгледате одлично, поодморени и повесели.

Ако некој ви подари матарка

Ако сонувате дека некој ви подарил матарка тоа претставува предупредување да водите сметка за сопственото здравје. Сте дозволиле пороците да ги го управуваат животот, што значително влијае врз квалитетот на вашиот живот. Потрудете се на време да го исфрлите она што ви штети на телото и на духот.

Ако изгубите матарка

Сон во кој сте изгубиле матарка укажува на некоја голема загуба или неуспех од минатото поради кој се чувствувате несигурно. Самодовербата ви е на многу ниско ниво, па би било пожелно грди работи што ви се случиле во минатото да ги заборавите и да почнете да работите на вашите комплекси.  Бидете сигурни дека поседувате многу карактеристики кои се ценети, а ги криете од луѓето.

Ако украдете матарка

Кога на сон крадете матарка тоа значи дека ве гризе совеста бидејќи со својата непромисленост сте повредиле други луѓе. Можеби имате љубовник/љубовница или сте озборувале  близок пријател и сега не можете да живеете самите со себе. Време  е да си го признаете гревот и да ги сносите последиците за тоа.

Ако некој ви украде матарка на сон тоа значи дека колегата ќе се обиде да ги преземе заслугите за работата што сте ја сработиле. Веројатно сте му/ ѝ дозволиле да направи такво нешто , па ќе биде убеден/а дека и овојпат ќе успее. Потрудете се да го/ја разочарате и да се изборите за она што ви припаѓа.

Значењето на сонот се менува во зависност од материјалот на матарката

Ако сонувате пластична матарка, како оние што ги носат војниците, тоа значи дека ве очекува турбулентен период. Ќе имате многу проблеми на работа, а ниту ситуацијата дома не ви е баш најсјајна. Ќе се соочите со големо количество на стрес, што би можело негативно да ви се одрази на здравјето.

Сепак, ако бидете доволно мудри, нема да дозволите да ве спечат пречките, туку ќе најдете начин да се изборите со сето тоа. 

Метална матарка укажува на тоа дека свесно сте си изградиле „штит“ чија основна намена е да ги спречи луѓето околу вас да ве повредуваат. Веројатно во минатото сте имале многу лоши искуства. Честопати сте страдале поради луѓе кои ја злоупотребувале вашата пречувствителност. Сега сте нашле начин да се заштитите од повредувања.

Иако не можете да го видите тоа, вашиот оклоп не дозволува да ви влезе ниту добро во животот. Така пропуштате прилика некој вистински да ве усреќи.

Дрвена матарка во сон претставува ваша носталгија за некои среќни времиња. Можеби досега сте поминувале низ тежок период, па радо се сеќавате на деновите кога сте биле безгрижни и задоволни.

Наместо да се навраќате на минатото, биде требале да размислите за иднината. Работете на тоа утре да ви биде подобро.

Ако на сон видите украсна ќерамичка матарка тоа значи дека некој се обидува да ви се допадне, па често се преправа во нешто што не е. Со намера да станеле поблиски, нема да бира средства, па ќе се обиде да оцрни некои луѓе што ви се драги. Доколку на време процените кој ви е пријател, нема да паднете во неговата замка.

Значењето на матарката во сон може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе матарка во живо или во медиуми тоа ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за матарка

Матарка е метален сад (војнички или туристички) за вода што обично се носи при патување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg