Мантил

Term Main definition
Мантил

Гледање мантил во сон значи дека те очекува тага, срам, сожалување, измама, штета.

Што значи да сонувате мантил?

Ако во сон гледате мантил, тоа е предупредување дека некој ќе ве измами. Ова може да се однесува на саканата личност или на пријател/ка кој ќе ја изигра вашата доверба и ќе ви работи зад грб. Бидејќи ќе се сомневате дека нешто се случува, ќе почекате да соберете докази за да можете со чиста совест да го прекинете односот со некој што не ве почитува.

Сонување дека облекувате мантил подразбира дека самиот себе ќе се сожалувате. Можно е да направите грешка што скапо ќе ве чини. Наместо да направите сè што можете за да ја исправите, ќе се повлечете во себе и ќе имате став поради кој ќе се чувствувате уште полошо. Луѓето блиски до вас ќе се обидат да ве охрабрат и да ве поттикнат да преземете акција, но сè ќе зависи единствено од вас.

Кога во сон соблекувате мантил, тоа укажува дека некого ќе заведувате. Веројатно ќе дадете сè од себе да го привлечете вниманието на личноста што ви се допаѓа, во  што ќе се вклучени часови поминати пред огледало, смели коментари и забелешки што ќе му/ѝ стават јасно до знаење што сакате. На почеток тоа би молежо да го/ја одбие, но нема да сакате да оставите ништо на случајноста.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте носеле мантил, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мантил

Мантил е наметка што се носи на пролет.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg