Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Молер


Сонување молер ве советува да се држите настрана од нелегални работи.

Молерисување

Ќе поминете преку нанесените нaвреди, промена во работата или имотот.

Молец

Гледање: не ти се сите пријатели, биди повнимателен; ловење: умот ќе ти биде заматен од среќата.

Молив

Ако видите молив во вашиот сон значи дека некој ќе ви се израдува што ве гледа.

Молња на небо

Гледање молња на небо во сон предупредува на болест, несреќа, кавга.

Монитор

Ќе дознаете некоја тајна.

Море

Мирно: живот без пречки, радост; разбранувано: грижи, загуба; бурно: многу напор  во љубовта и работата; возење по море: надевај се на награда.

Морков

Добро здравје.

Морнар

Гледате: ќе стекнеш големи заслуги; разговарање со него: доаѓаат лоши времиња; да се биде морнар: љубовни авантури на патување.

Морски брег

На јаве ќе копнееш за далечни краеви.

Морско прасе

Сонот во кој гледате морско прасе значи дека пред вас е еден многу одличен период кога е во прашање деловниот живот.

Мост

Дрвен мост предупредува дека треба да се тргнеш од лошите пријатели. Ако преминувате мост на сон значи дека треба добро да размислите пред да донесете одлуки. Ако сонувате урнат мост предупредува дека  ќе имате загуба во својата работа.

Мотика

Гледање: те очекува тешка работа; копање со мотика: запни па ќе успееш, нема леб без мотика.

Мотор (машина во работа)

Совладувај го својот гнев; ако мирува: нешто те вознемирува.

Мотоцикл (мотор)

Сонување мотоцикл значи дека вашата непромисленост ќе ви се одмазди.

Мочуриште

Гледање мочуриште во сон значи дека ве очекува болест, срам, несреќа.

Мравјалник

Сонување мравјалник значи дека наскоро ќе бидеш затрупан со грижи.

Мравки

Гледање: грижи, тешкотии, загуба; газење, убивање: ќе ти укажат некоја чест, напредок.

Мраз

Одење по мраз: работата ти е несигурна и полна со опасност; паѓање на мраз: им веруваш на сите; лизгање на мраз: ве чекаат пријатни моменти со саканата личност.

Мрзеливост

Да се биде мрзелив во сон значи дека ве очекува смртен случај, болест.

Мртовец (смрт)

Ако го гледате дома: болест, страв; закопување: богата свадба; лежење меѓу мртви: смрт; да се биде мртов: долг живот, здравје; ако сонувате дека мртовец е жив: твојата тага ќе биде краткотрајна; бакнување мртовец: тајни работи; мртви да оживеат: среќа, промена кон подобро; повеќе мртви: пријатно доживување.

Мртовечка кола

Гледање: ненадејна среќа; одење по неа: беда, несреќа, пропаст.

Мувла

Сонувањето мувла значи разочарување во љубовта или пријателството.

Музика

Слушање убава музика: радосни вести; слушање лоша музика: ти се закануваат, но не плаши се.

Музицирање

Ќе се заљубиш на некоја забава или на голем собир.

Муле

Сонување муле ве предупредува да се чувате од злобни луѓе, проблеми.

Мустаќи

Големи: пофалба, награда, добивка, успех; на некому: ве очекува награда или признание за успех; на себе: претерано сте вообразени.

Мушички

Гледање: грижа, пропаст; ловење: некој ќе се обиде да те обвини неосновано, забранета љубов.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg