Мушички

Term Main definition
Мушички

Гледање: грижа, пропаст; ловење: некој ќе се обиде да те обвини неосновано, забранета љубов.

Што значи да сонувате мушички?

Ако во сон гледате мушички, тоа укажува дека ќе бидете загрижени. Може да се случи да ви пропаднат деновите и месеците напорен труд и работа кои сте ги посветиле на проект поврзан со работата или со факултетот (училиштето) на кој учите. Ќе бидете бесни кога ќе сфатите дека треба да направите сè од самиот почеток, а најголемиот проблем ќе биде вашиот недостиг на време и трпеливост за нешто што може повторно да биде одбиено.

Сонување дека ловите мушички подразбира дека некој ќе се обиде неосновано да ве обвини. Можно е во фирмата или на друго место да биде потребна личност која ќе ја преземе вината за сè што ќе тргне наопаку. На вас ќе биде да процените што ќе добиете и што ќе изгубите и дали сакате да станете жртвено јагне.

Кога во сон убивате мушичка, тоа означува забранета љубов. Веројатно не сте успеале да одолеете на личност со која немате никаква иднина и перспектива. И покрај советите да го/ја заборавите, вашите чувства ја однесоа победата над разумот, поради што ве очекуваат многу непроспиени ноќи и прашања на кои никогаш нема да добиете одговори.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте ловеле или сте убиле мушичка, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мушичка

Мушичките се многу распространети инсекти кои припаѓаат на подредот  Brachycera и се наоѓаат во близина на човечки населби.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg