Мост

Term Main definition
Мост

Дрвен мост предупредува дека треба да се тргнеш од лошите пријатели. Ако преминувате мост на сон значи дека треба добро да размислите пред да донесете одлуки. Ако сонувате урнат мост предупредува дека  ќе имате загуба во својата работа.

Што значи да сонувате мост?

Ако сонувате дрвен мост

Ако на сон видите дрвен мост, тоа е предупредување дека би требале да се ослободите од лошите пријатели. Може да се случи итно да ви треба услуга и дека ќе можете да сметате на помошта од пријателите кои отсекогаш ви излегувале во пресрет.

Сите ви ветувале помош, но кога им побарате нешто конкретно, ќе најдат изговори за да ве одбијат.

Ако сонувате дека поминувате преку мост

Кога сонувате дека преминувате преку мост, тоа имплицира дека би требале да размислите пред да донесете одлука. Во вашиот случај се гледа точноста на изреката: „Три пати мери, еднаш сечи“.

Морате да бидете свесни за последиците и одговорностите кои ги преземате и не смеете да се ослонувате дека други ќе ја поправат штетата која вие ја предизвикувате.

Ако сонувате срушен мост

Ако сонувате срушен мост тоа означува дека ќе имате загуби на работа.  

Веројатно сте почнале да вложувате пари и време во работа што на почетокот ви се чинела многу перспективна. На ваша жалост, ќе ви излезат непредвидени проблеми кои ќе ви ја загрозат реализацијата на вашите планови и ќе ви се заканат дека ќе ве доведат во долгови и голем минус.

Ако стоите со некого на мост

Доколку стоите на мост со некого тоа симболизира слога во врска со некоја личност. Било да се работи за партнер, пријател или колега, вашиот однос ќе биде транспарентен и ќе се заснова на толеранција. Знаете дека секогаш можете да се ослоните на таа личност и дека ќе биде покрај вас, како во убавите моменти, така и во оние кои не се.

Ако стоите сами на мост

Сон во кој стоите сами на мост значи дека тешко се изборувате со проблемот кој ве снашол.  Можеби се плашите какви последици по вас би можела да има одлуката која ќе ја донесете. Ако поради работа или школување сте приморани да го напуштите градот во кој живеете , овој сон е индикатор на вашиот страв од промени. Обидете се да пронајдете колку што можете повеќе причини зошто промената е добра. Така полесно ќе се изборите со тоа.

Ако во ваш сон личноста која ја познавате стои на мост тоа имплицира дека ќе ви соопшти лоша вест. Можеби ќе ве погоди нечија трагедија. Доколку, пак, непозната личност стои на мост тоа значи дека ќе запознаете некого кој ќе ви го промени погледот на светот. Ќе сфатите дека на нештата сте гледале од погрешен агол, па ќе почнете да се менувате.

Ако паднете од мост

Ако сонувате дека сте паднале од мост тоа значи дека е време своите планови да ги спроведете на дело. Предолго време сте чекале коцките да се поклопат за да тргнете во реализација на своите идеи. Можеби сте се ставиле во служба на блиските, па не стигнувате да се посветите на она што ве интересира. Обидете се да го промените тоа, саканите сигурно ќе имаат разбирање за вас.

Доколку на сон видите дека некој друг паѓа од мост тоа имплицира дека би требале да се помирите со саканата личност со која не сте во контакт. Време е да ги закопате воените секири и да покажете подготвеност за компромис. Во спротивно би можеле целосно да се оддалечите и да изгубите драг пријател.

Ако скокнете од мост

Кога сонувате дека сте скокнале од мост тоа укажува на проблем во комуникација. Веројатно во моментот ви се чини дека никој не ве сфаќа и дека блиските неоправдано ве обвинуваат за проблемите кои не сте ги предизвикале. Можеби имате проблеми со претпоставените и со колегите на работа. Веројатно нема да покажат интерес за вашите идеи или начинот на реализација на некоја задача. Нека не ве оптоварува тоа. Согласете се на компромис. Вашето време допрва ќе дојде, само мора да бидете трпеливи.

Ако на сон видите дека некој скока од мост тоа значи дека ви недостасува храброст да се одбраните себеси. Сигурно имате некоја цел кон која се стремите, но се плашите да тргнете во реализација. Послушајте си го инстинктот, овојпат нема да ве измами.

Ако градите мост

Доколку сонувате дека градите мост потсвеста ве предупредува дека е време да научите да кажете „не можам“ или „не сакам“. Туѓите проблеми ве оптовариле до таа мера што не стигнувате да се занимавате со себеси. Ако се посветите на она што го сакате и не дозволувате другите да ви бидат приоритет, животот ќе ви стане многу поквалитетен. 

Ако во ваш сон некој друг гради мост тоа значи дека треба да преземете одговорност кога ситуацијата го налага тоа. Не сте надлежни за сите луѓе што ги познавате, а особено не затоа што колегите работат во текот на работното време. Немојте да се жртвувате поради туѓа немарност или мрзеливост

Уривање на мост

Кога сонувате како поплава, ветер или некоја друга природна катастрофа урива мост тоа значи дека пред вас е еден турбулентен период. Ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека ќе ви треба многу сила да ги надминете проблемите. Чувствувате и голема количина на стрес. Ако успеете да ја канализирате на вистински начин, би можеле од сето тоа да излезете како победник.

Доколку, пак, сонувате дека мостот е урнат поради експлозија на бомба или дека нешто намерно го урнало, тоа имплицира дека би требале д се соочите со својот страв од одговорност. Секоја одлука која треба да ја донесете ја препуштате на другите, бидејќи сте свесни дека во случај на грешка  нема да бидете виновни.

Сепак, морате да бидете свесни дека не можете вечно така да се однесувате. Дојдено е време да пораснете.

Ако сонувате дека вие уривате мост тоа значи дека ве гризе совеста бидејќи сте навредиле друга личност. Можеби сте влегле во непотребна расправија со близок пријател или со колега со кого сте прекинале да комуницирате. Тогаш, веројатно, ви се чинело дека од ситуацијата сте излегле како победник, па дури подоцна сте сфатиле дека сте претерале. Потсвеста ви порачува да се извините за изговореното.

Толкувањето може да зависи и од видот на мостот

Камен мост симболизира вашата силна волја која не ви дозволува да се откажете кога ви е најтешко. Свесни сте за своите можности, но често одите преку нив за да постигнете нешто. Вашата упорност предизвикува воодушевување кај луѓето што ги познавате.

Дрвен мост претставува потреба за заштита, почитување или љубов која ви недостасува во животот.

Ако на сон видите мост изграден од челик тоа значи дека тешко се носите со промени. Не сакате да излезете од вашата комфорна зона.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе мост или преминувале низ него, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мост

Мост е градба која е наменета да овозможува проаѓање на луѓе и на возила.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg