Молер

Term Main definition
Молер

Сонување молер ве советува да се држите настрана од нелегални работи.

Што значи да сонувате молер?

Ако во сон гледате молер, тоа е предупредување да се држите настрана од нелегални работи. Можно е во наредниот период да бидете во тешка финансиска ситуација, поради што ќе размислувате за начини на заработка кои порано никогаш ни ви паѓале на памет. Ќе дојдете до заклучок дека не се исплати да се биде искрен и дека оние што мамат секогаш поминуваат подобро.

Сонување дека вие сте молер значи дека не сте пребирливи. Вие сте личност која не е премногу амбициозна, поради што многумина ве критикуваат. Ви годи  чувството на сигурност што ви го носи моменталната работа, па затоа и не се трудите да барате нешто подобро. Исто така, битни ви се меѓучовечките односи кои  ги ставате во преден план, дури и над финансиите.

Кога во сон работите со молер, тоа подразбира дека нема да наплаќате долгови. Може да се случи деловните партнери да не ви дадат онолку пари колку што сте заработиле, туку ќе се трудат да ве скратат за секоја ситница. Иако ќе сфатите за што станува збор, ќе го завршите ветеното, по што ќе барате нова работа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте работеле со молер, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за молер

Молер е занаетчија чија работа е да поправа, да уредува и да украсува ѕидови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg