Морски брег

Term Main definition
Морски брег

На јаве ќе копнееш за далечни краеви.

Што значи да сонувате морски брег?

Кога во сон гледате морски брег, тоа укажува дека ќе копнеете за далечни краеви. Можно е да сакате да ја побарате среќата во некоја друга земја каде што сметате  дека ќе имате многу подобри услови. Ако веќе сте живееле и сте работеле во странство, тешко ви падна враќањето во средината што одамна сте ја надминале.

Сонување дека сте сами на морски брег означува љубовен неуспех. Вие сте личност за која може да се каже дека има големи барања, па затоа никој од поранешните  партнери не ви одговарал. Свесни сте дека на тој начин ги бркате луѓето од себе, но повеќе сакате да бидете сами отколку да се согласите на компромиси што се косат со вашите принципи.

Ако сонувате дека сте на морски брег со саканата личност, тоа симболизира романтични настани. Може да се случи партнерот/ката да ви приреди изненадување  и да ве одведе на патување за кое сонувавте подолго време. На тој начин ќе се запознаете уште подобро, а ќе можете и да остварите многу сексуални фантазии, по кои ќе почувствувате уште поголема блискост и доверба.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте биле на морски брег, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за морски брег

Морскиот брег е тесен појас каде копното доаѓа во контакт со морето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg