Мотор (машина во работа)

Term Main definition
Мотор (машина во работа)

Совладувај го својот гнев; ако мирува: нешто те вознемирува.

Што значи да сонувате мотор или некоја машина како работи?

Ако во сон гледате мотор или некоја друга машина како работи, тоа подразбира дека би требало да го совладате вашиот гнев. По природа сте многу чувствителни и малку ви треба за да им се налутите на луѓето околу вас.

Често ви се случува да го анализирате секој збор што ви е упатен и во него да пронаоѓате скриени провокации и навреди на ваша сметка. На тој начин затворате многу врати пред себе и се замерувате на луѓето кои, не само што не ви мислат ништо лошо, туку би можеле многу да ви помогнат во иднина.

Сонување дека мотор мирува значи дека нешто ве вознемирува. Можно е да се повлечете восебе следниот период, бидејќи нема да сакате да оптоварувате никого со вашите грижи. Најмногу ќе се обвинувате себеси што не сте имале поголема храброст и не сте се обиделе да ги остварите соништата што ги сметавте за важни.

Кога во сон поправате мотор, тоа укажува дека вашиот труд е залуден. Веројатно по којзнае кој пат ќе ѝ дадете шанса на саканата личност, но која ви покажала дека не е доверлива. Повторно ќе се уверите дека само љубовта не е доволна за да опстане врската, туку се потребни други услови што вашиот партнер/ка не ги исполнува.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте поправале мотор, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мотор

Мотор е погонска машина која ја претвора енергијата во механичка работа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg