Мустаќи

Term Main definition
Мустаќи

Големи: пофалба, награда, добивка, успех; на некому: ве очекува награда или признание за успех; на себе: претерано сте вообразени.

Што значи да сонувате мустаќи?

Ако гледате големи мустаќи во сон

Ако во сон гледате големи мустаќи, тоа симболизира пофалби. Ќе бидете наградени за вашиот труд и во друштвото ќе почнат повеќе да ве ценат. Сите кои се сомневаа  или се исмејуваа на вашите планови, ќе се засрамат и ќе ви дадат признание.

Ќе бидете посветени на работата и напредокот, а ќе ве одржува силна мотивација која нема да ви дозволи да паднете во тешки моменти.

Ако сонувате мустаќи на некого

Сонувањето мустаќи на некого подразбира дека им се восхитувате на авторитети. Отсекогаш сте се труделе да бидете во друштво на силни и успешни луѓе од кои ќе имате што да научите. Ве импонира нивното внимание и секогаш се трудите да бидете како нив.

Ако имате мустаќи во сон

Кога сонувате дека вие имате мустаќи, тоа значи дека сте премногу вообразени. Во наредниот период луѓето од околината ќе почнат да ве избегнуваат. Нема да им се допаѓа начинот на кој се однесувате со нив и ги сметате за инфериорни.

Ќе мислите дека имате право на тоа затоа што сте оствариле многу успеси што ви даваат признание, но ќе сфатите дека никој нема да сака да ве трпи.

Ако носите лажни мустаќи

Доколку во сон носите лажни мустаќи, тоа подразбира дека сакате да подигнете sидови околу себе за да се заштитите. Досега многу пати во животот сте биле повредени и разочарани од оние што ги сакавте. Тоа ве научи да не верувате никому. Токму поради тоа сте создале заштитен механизам и секогаш се држите на дистанца,  без разлика дали станува збор за деловна, приватна или љубовна врска.

Ако во вашиот сон некој друг носи лажни мустаќи, тоа значи дека во блиското опкружување имате личност која не е целосно искрена со вас. Можно е да се работи  за емотивен партнер кој и понатаму влече „опашки“ од минатото. Веројатно уште целосно не ја преболел/ла поранешната љубов или му/ѝ се допаѓа некој друг.

Во секој случај, чувствувате дека нешто не е во ред, па би било најдобро тоа да го решите во отворен разговор.

Бричење мустаќи

Кога сонувате дека ги бричите мустаќите, тоа укажува на потребата на саканата личност да ѝ признаете сè за себе. Веќе некое време се плашите дека тој/таа нема да ве прифати какви што сте. Затоа често ја „разубавувате“ вистината и се трудите да го/ја импресионирате за да му/ѝ бидете попривлечни.

Меѓутоа, крајно време е да се прифатите себеси со сите доблести и недостатоци. Дали саканата личност ќе го направи истото или не, не можете да знаете. Ако ве одбие поради тоа, барем нема да губите време на погрешна личност.

Сонувањето дека други бричат мустаќи ја симболизира потребата за промена. Веројатно сте западнале во рутина и секој ден ви е ист. Ви недостасуваат возбудување и забава. Поради тоа би можеле да се одлучите да прифатите повик  за работа во странство. Тоа би бил добар потег затоа што би решиле два проблема - прашањето на егзистенцијата и возбудувањето поради новите работи во вашиот живот.

Потстрижување мустаќи

Ако во сон ги потстрижувате мустаќите, тоа значи дека имате таен обожавател. Веќе некое време ѝ се допаѓате на личност која се плаши да ви пријде. Доколку сте во брак или во врска, неговите/нејзините причини се јасни, а ако не сте, тогаш проблемот е во вашиот став. Понекогаш изгледате незаинтересирано и ладно, па на старт се стекнува впечаток дека никој не ве интересира.

Сон во кој гледате како други ги потстрижуваат мустаќите укажува на тоа дека стравот од неуспех ќе ве спречи во намерата да ги остварите своите желби. Се двоумите дали да го слушате срцето или разумот, но овој пат треба да ја слушате својата интуиција. Таа ќе ве насочи на вистинскиот пат и нема да се покаете поради  своите постапки.

Чешлање мустаќи

Доколку сонувате дека чешлате мустаќи, потсвеста ве предупредува на фактот дека премногу вложувате во физичкиот изглед и дека сте ја занемариле работата на други нешта. Наместо едукација и усовршување, одбравте своето време и пари да ги  вложите во своето тело, бидејќи сфативте дека естетиката и убавината се поважни од сè. Без оглед на тоа што сте, за жал, во право, работете на себе токму поради себе, а не поради другите.

Ако во вашиот сон некој друг чешла мустаќи, тоа значи дека пријател или партнер би можел да ве изненади со убав подарок. Тоа ќе биде нешто за што долго сте  мечтаеле, па на вашата среќа ќе ѝ нема крај. Помалку ќе чувствувате грижа на совест за да му/ѝ возвратите, но ако се потрудите сигурно ќе најдете вистински начин.

Ако кубете мустаќи

Кога сонувате дека ги кубете своите мустаќи, тоа е знак дека ви недостасува внимание. Доколку сте долго време без партнер, тоа е последица на осаменоста. Сепак, ако во моментот сте во брак или во врска, можно е работите со саканата личност да не функционираат најдобро. Веројатно проблемот е во лошата  комуникација. Тоа се рефлектира и на сè останато. Мора да се потрудите да разговарате повеќе за да успее вашата врска.

Сонувањето дека други кубат мустаќи, укажува на тоа дека ќе „арбитрирате“ во спор помеѓу две лица на кои сте им подеднакво наклонети. Ќе дојде до жестока расправија меѓу нив, а од вас ќе биде се бара да заземете страна. Ќе мора да ги покажете своите дипломатски вештини за никоја од „завојуваните страни“ да не се чувствува предадено.

Бојадисување мустаќи

Ако сонувате дека вие ги бојадисувате мустаќите, тоа значи дека не ви недостасува самодоверба. Во последно време сте прилично задоволни од својот приватен и деловен живот, што позитивно влијае и на вашиот физички изглед. Привлекувате  внимание каде и да се појавите, а почнавте да добивате бројни комплименти од лица од спротивниот пол.

Ако сте во врска која не сакате да ја уништите, не дозволувајте убави зборови да ве „заведат“ и да почнете да флертувате повеќе од дозволеното.

Кога сонувате дека други бојадисуваат мустаќи, можно е да го промените мислењето за некој познаник. Ќе се запознаете подобро и ќе дојдете до заклучок дека неосновано сте мислеле дека е препотентна и неинтелигентна личност. Ќе сфатите дека е време да се ослободите од предрасудите што ве следат цел живот.

Ако се восхитувате на нечии мустаќи

Кога во сон се восхитувате на нечии мустаќи, тоа значи дека барате начин да ве забележат. Освен тоа, можно е и да сакате да го промените животниот стил. Можеби не сте задоволни со својот изглед, па би сакале да промените нешто на себе. Започнете со мали работи, не правете нешто за што подоцна ќе зажалите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Можеби ги пуштивте мустаќите што на вас ви оставило впечаток. Исто така, ако сте ги избричиле, веројатно во сон се обидувате да се навикнете на тој факт.

Дефиниција за мустаќи

Мустаќите се влакна што растат на човековото лице, над горната усна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg