Молец

Term Main definition
Молец

Гледање: не ти се сите пријатели, биди повнимателен; ловење: умот ќе ти биде заматен од среќата.

Што значи да сонувате молец?

Ако во сон гледате молец, тоа е предупредување да бидете повнимателни. Можно е да немате навика да се распрашувате за луѓето околу вас, туку безрезервно верувате на секој нивни збор. Иако сте се труделе да бидете коректни, некои ќе го сменат однесувањето кон вас преку ноќ и ќе се претстават во светло, во кое, до сега, не можевте ни да ги замислите.

Сонување дека ловите молци подразбира дека среќата ќе ви го замагли умот. Вие сте личност која не функционира по принципот: „Никогаш не донесувај одлуки кога си лут и не ветувај ништо кога си среќен“. Брзо реагирате и во состојба сте да направите нешто за неколку минути за што ќе жалите со месеци или години.

Кога во сон убивате молец, тоа укажува дека ќе го поразите непријателот. Веројатно долго време трпите тортура од некој што ги исфрла своите фрустрации и гнев кон луѓето кои ги смета за послаби од себе. Конечно ќе соберете сила и ќе му/ѝ зададете удар кој ќе биде доволно силен за да му/ѝ дадете до знаење на што сè сте подготвени ако не ве остави на мир.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте ловеле или сте убиле молец, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за молец

Молците се мали теснокрилни пеперутки кои оштетуваат текстил, жито и други видови храна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg