Муле

Term Main definition
Муле

Сонување муле ве предупредува да се чувате од злобни луѓе, проблеми.

Што значи да сонувате муле?

Ако во сон гледате муле, тоа е предупредување да се чувате од злобни луѓе. Тие веројатно ќе ви создадат проблеми во наредниот период и ќе се обидат да го нарушат угледот што сте го граделе со години. Иако не им дадовте причина за таквото однесување, тие нема да можат да ви простат што сте поуспешни од нив и што ви се насмевнува убава иднина.

Друго значење е дека вашиот труд не е доволно ценет. Можно е да работите многу повеќе отколку што сте платени, а подобри позиции добиваат луѓе кои се далеку под вас по квалитет. Постојано сте соочени со неправди кои ве мачат, но колку и да се трудите не можете да се опуштите и да забошотувате како повеќето колеги.

Сонување дека водите муле укажува дека се трудите да оставите добар впечаток. Вие сте личност која сака да ги задоволи сите, па затоа никако не ви е јасно зошто секогаш се наоѓа некој кому не сте му по волја. Може да се случи да бараат да се изјасните во ситуација што ќе бара да изберете страна затоа што е невозможно да бидете во добри односи со сите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе муле, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за муле

Муле се добива со вкрстување мажјак магаре и женка коњ или кобила.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg