Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Медал |
Ако на сон добиете златен, сребрен или бронзен медал тоа значи дека трудот ќе ви се исплати. |
| Меден месец | Во сон означува среќа која е од краток век. |
| Мени | Мени на сон значи дека ви претстои заминување на пат. |
| Меница | Не потпишувај меница на јаве, деловен неуспех, грижи. |
| Менување нешто со некого | Предупредува дека на јаве наидуваат расправии. |
| Менувачница | Сонување менувачница предупредува на деловен неуспех. |
| Мерење нешто | Чувај се од следење и шпиони. |
| Месар | Ако го видите: расправија со роднина; ако ви даде месо: ќе станете суров и немилосрден; ако сте месар: жалост, грижа, навреда. |
| Месење | На јаве ќе имате мали расправии во домот. |
| Месечина | Сонување месечина значи дека ќе имате краткотраjна љубовна среќа. |
| Месо | Наследство; купување: среќа на коцка, заработка; готвење: среќа, благосостојба; печење: ќе имаш големи трошоци. |
| Метар (пантлика) | Гледање метар во сон ве предупредува да внимавате на измами. |
| Метеж | Да се биде во толпа предупредува дека наскоро ќе се расправате, ќе се карате, но ако видите толпа значи добивка на јаве. |
| Метеор | Гледање: среќата ти е краткотрајна, сериозно предупредување. |
| Метла | Гледање: лажни пријатели, сиромаштија, кавга во домот; да се чисти со метла: среќа во блиска иднина; девојка да чисти со метла: наскоро мажачка. |
| Меч | Гледaње: ќе дојдеш до углед и почитување; кршење: смртен случај, неволји, срам. |
| Мечка | Гледање: добивка на коцка; убивање: непријател ќе ти страда; да те нападне: ти поставуваат стапица; да рика: падна во немилост; ако раскинала некого: смрт во семејството. |
| Мечување | Гледање: губење на драга личност, болест; ако се мeчувате: неисполнети желби; да се биде ранет: пријатни љубовни часови; ранување некого со меч: деловен успех. |
| Мидер | Не биди премногу љубопитен, вообразеност. |
| Миење | Ако се миете со студена вода: наскоро ве следат грижи, радосен настан; топла вода: здравје, богатство. |
| Минус на тековна | Ќе имате парична добивка на јаве. |
| Мираз | Гледање мираз во сон значи дека во реалноста твоите непријатели се плашат од тебе. |
| Мирис (мирисате нешто) | Мирисање нешто, слаб мирис: среќа; силен: ќе се најдеш во непријатна ситуација. |
| Мисирка | Претставува симбол на благосостојба. Ако слушнете мисирка на сон ве очекува радосен настан. |
| Мито (поткуп) | Ако сонувате дека сте подмитиле некого, ве предупредува да се вардите од „валкани“ работни места, размислете па кажете. |
| Младост (да се биде млад) | За старите луѓе младоста во сон значи веселба, а за болните означува здравје. |
| Млеко | Сонување млеко значи дека ве очекува ненадејна радост, добивка, здравје. |
| Мобилен телефон | Гледање мобилен телефон значи дека те очекуваат итни работи. |
| Мозолчиња | Имање мозолчиња во сон: нездрава исхрана. Другите имаат мозолчиња: се мешате во нечиј живот. Стискање мозолчиња: потребна ви е промена. |
| Мокрење во сон (уринирање) | Здравје и долг живот; мокрење во кревет: болест, загуба. |
