Метла

Term Main definition
Метла

Гледање: лажни пријатели, сиромаштија, кавга во домот; да се чисти со метла: среќа во блиска иднина; девојка да чисти со метла: наскоро мажачка.

Што значи да сонувате метла?

Ако во сон гледате метла, тоа е предупредување дека сте опкружени со лажни пријатели. Можеби ќе ви биде потребна помош околу одлука што мора да ја донесете што е можно побргу, но луѓето со кои ќе се консултирате нема да ви кажат да го направите она што е во ваш интерес, туку во нивен. Ќе ви биде потребно време да ги сфатите грешките што сте ги направиле, по што нема да бидете толку блиску со нив како порано.

Сонување дека чистите со метла укажува дека наскоро ќе бидете среќни. Вие сте личност која се води според изреката кој чека, тој ќе дочека, поради што не се срамите од ни една работа затоа што знаете дека ќе бидете наградени. Во принцип, вие сте такви по сите прашања во животот, но ви требаше многу работа и ред за да се дисциплинирате себеси.

Кога девојка сонува дека чисти со метла, тоа симболизира мажење. Веројатно ментално се подготвувате за промените што ќе ви го свртат животот за 180 степени. Ќе имате прилика, со саканата личност, да остварите многу планови за кои претходно сметавте дека се невозможни. Од возбуда често нема да можете да ги затворите очите и постојано ќе размислувате што уште би можеле да правите со партнерот/ката.

Сонување дека летате на метла подразбира дека другите се плашат од вас. По природа сте многу строги и сакате сè да работите според прописи. Колегите и децата ве гледаат како вештерка која ги казнува и за најмала грешка. Не може да се каже дека, до одредена точка, тоа не ви импонира затоа што успевате да остварите добри резултати и на деловен и на приватен план.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте чистеле со метла, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за метла

Метла е работна алатка со која се чисти под и други рамни површини.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg