Меч

Term Main definition
Меч

Гледaње: ќе дојдеш до углед и почитување; кршење: смртен случај, неволји, срам.

Што значи да сонувате меч?

Ако во сон гледате меч, тоа укажува дека ќе дојдете до углед и почит. Вие сте личност која за сè што има во животот мораше да се избори сама. Немате голема поддршка од блиски луѓе, поради што сте навикнати да не се потпирате на никого  и да не очекувате ништо. Би сакале понекогаш да се одморите, но потсвесно размислувате и за новиот чекор што би требало да го направите.

Сонување дека сте скршиле меч подразбира дека ќе се откажете од нешто. Веројатно на потежок начин ќе сфатите дека некои битки се изгубени однапред и дека нема смисла да жалите за нив. Без разлика дали станува збор за работа, пријател или партнер, ќе ви биде јасно дека не можете да го/ја задржите против  неговата волја и да го принудите на она што не го сака.

Кога во сон ќе изгубите меч, тоа означува срам. Можно е да не го одржите дадениот збор поради што ќе се срамите и ќе се држите настрана од личност кон која не сте  биле фер. Ќе создадете одбранбен механизам кој ќе ве прикаже како некој што не се кае, туку бара виновници кај другите за да се оправда.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте скршиле или сте изгубиле меч, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за меч

Меч е оружје што се користи во борба гради в гради.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg