Мечка

Term Main definition
Мечка

Гледање: добивка на коцка; убивање: непријател ќе ти страда; да те нападне: ти  поставуваат стапица; да рика: падна во немилост; ако раскинала некого: смрт во семејството.

Што значи да сонувате мечка?

Ако во сон гледате мечка, тоа значи добивка на коцка. Можно е да влезете во ризични бизниси што ќе го загрозат вашиот имот и егзистенцијата на вашето семејство ќе ја доведат во прашање. Овој пат ќе имате повеќе среќа отколку памет, што не мора да биде гаранција за следниот потфат во кој можете да изгубите сè.

Сонување дека сте убиле мечка подразбира дека вашиот непријател ќе страда. Веројатно ќе ве предизвика личност која е на подобра позиција во фирмата и е финансиски посилна од вас. Вашиот конфликт ќе потсетува на борбата меѓу Давид и Голијат, но грешката на вашиот противник ќе биде тоа што тој ве потцени и не сметаше на вас дека сте и тоа како способни да се браните и да го возвратите ударот.

Кога во сон ве напаѓа мечка, тоа е предупредување дека ви подготвуваат стапица. Ова може да се однесува на љубоморни колеги или роднини кои ќе сакаат да присвојат нешто што не им припаѓа. Ќе добиете голем број на ниски удари на кои тешко дека ќе се воздржите да не одговорите, но тоа ќе ве спречи да станете исти како нив.

Доколку во вашиот сон мечка рика, тоа укажува дека ќе паднете во немилост. Може да се случи да зависите од личност со која не сте во добри односи, што дополнително ќе ја комплицира вашата ситуација. Ќе мора да се извините и да побарате помош, што ќе биде под вашата чест, но кога ќе сфатите дека тоа ќе им користи на луѓето што ги сакате, ниту една жртва нема да ви биде тешка.

Сонување дека мечка растргнала некого, предупредува на болест во семејството. Можно е некој од членовите да се чувствува лошо, затоа ќе мора да му/ѝ посветите многу време и љубов за да се опорави. Ќе се трудите да бидете насмеани и позитивни, а всушност ќе имате желба да се исплачете и да ги доверите своите маки на некого.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, сте слушнале или сте убиле мечка, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мечка

Мечките се крупни цицачи од редот на ѕверови кои го преспиваат најстудениот дел од годината. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg