Мираз

Term Main definition
Мираз

Гледање мираз во сон значи дека во реалноста твоите непријатели се плашат од тебе.

Што значи да сонувате мираз?

Ако во сон гледате мираз, тоа подразбира дека вашите непријатели се плашат од вас. Можно е да не сте дале никому причина да ве гледа како конкуренција, но луѓето се водат според тоа што би направиле кога би биле на ваше место. Бидејќи сте некој кој напредува исклучиво со свои заслуги на работа и во други аспекти на животот, никој не сака да ви се замери, туку ве трпат, иако не сте им омилени.

Сонување дека се одрекувате од мираз укажува дека нема да дозволите никој да ве уценува. Некој веројатно ќе си даде за право да ви каже како да се однесувате и што да правите во животот. Бидејќи нема да сакате да го трпите тоа, ќе сторите сè за да станете финансиски независни и за да не може односното лице/ца да каже/ат дека им должите.

Кога во сон го трошите миразот, тоа значи дека не размислувате за иднината. Вие сте личност која живее во моментот и не ви е битно што нема да имате пари  следниот ден. Таквиот став може да ви создаде многу проблеми, особено ако планирате или веќе имате свое семејство.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте потрошиле или сте се одрекле од мираз, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мираз

Миразот го сочинуваат материјални добра што сопругата со мажењето ги носи во семејството.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg