Месење

Term Main definition
Месење

На јаве ќе имате мали расправии во домот.

Што значи да сонувате дека месите нешто во кујна?

Ако во сон месите нешто, тоа подразбира дека ќе имате ситни расправии во домот. Можно е никој од членовите на семејството да нема разбирање за туѓите проблеми, туку секој ќе ги смета своите за најтешки. Таквото однесување ќе доведе до отуѓување и донесување погрешни заклучоци кои нема да бидат разјаснети сè додека не седнете заедно и не почнете да барате излез од оваа ситуација.

Друго значење е дека ќе имате љубовна авантура. Веројатно ќе запознаете личност кон која ќе чувствувате страст и желба да започнете тајна врска. Тоа нема да биде  препорачливо доколку работите заедно, но неизвесноста и криењето ќе донесат дополнителна возбуда. Нема да размислувате за последиците кои кога-тогаш ќе ви паднат на ум.

Сонување дека некој друг готви во кујна значи дека не сте независни. Вие сте личност која е навикната сè да добие на готово, па затоа честопати членовите на семејството ги завршуваат вашите обврски. Се правдате велејќи дека ве разгалиле, но не правите ништо за да ги промените тие лоши особини кои во иднина претпоставените никако нема да ги толерираат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку вие или некој друг сте меселе во кујна, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за месење

Месење е рачно соединување на вода, брашно и други состојки и обликување за да се добие тесто за леб, колачиња, итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg