Мечување

Term Main definition
Мечување

Гледање: губење на драга личност, болест; ако се мeчувате: неисполнети желби; да се биде ранет: пријатни љубовни часови; ранување некого со меч: деловен успех.

Што значи да сонувате мечување?

Ако во сон гледате мечување, тоа подразбира дека некој ќе се бори за ваша наклоност. Можно е деловни или љубовни партнери да се натпреваруваат да се покажат во најдобро светло за да ја освојат вашата доверба. Во некои моменти ќе се чувствувате непријатно затоа што сите погледи ќе бидат свртени кон вас. Бидејќи ќе бидете во прилика да бирате, ќе сакате добро да размислите за да не донесете погрешна одлука.

Сонување дека се мечувате означува неостварени желби. Веројатно често на памет ви доаѓаат ситуации во кои можевте или моравте да реагирате поинаку и ви создаваат чувство дека сте виновни за многу проблеми што ве оптоваруваат сега. Иако знаете дека никогаш не е доцна да се извините или да ја санирате штетата, стравот ве спречува да го направите она што сметате дека е правилно.

Доколку некој во сон ве рани со меч, тоа симболизира пријатни љубовни моменти. Вашиот партнер можеби не сака да зборува за своите чувства и да не ги покажува во јавност, но кога сте сами покрај него се чувствувате како принцеза. Во тие моменти ја гледате неговата вистинска личност со сите свои доблести и мани и му давате до знаење дека може да ви верува.

Кога во сон некого ќе раните со меч, тоа укажува дека ќе имате деловен успех. Вие сте личност која функционира по принципот: „кој последен се смее, најслатко се смее“. Не сте премногу наметливи, туку водите сметка за секој збор што го изговарате. Се трудите да најдете доказ за секој аргумент поради што луѓето стекнуваат впечаток дека сте вистински професионалец кој точно знае што прави.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе мечување, сте биле ранет или некого сте раниле со меч, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за мечување

Мечување е спорт или боречка вештина во која двајца противници се борат со ладно оружје за да го прободат или да го исечат противникот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg