Мисирка

Term Main definition
Мисирка

Претставува симбол на благосостојба. Ако слушнете мисирка на сон ве очекува радосен настан.

Што значи да сонувате мисирка?

Ако сонувате мисирка

Ако на сон видите мисирка, тоа е симбол на благосостојба. Претстојниот период ќе ви биде многу поволен период за вас и за вашето семејство, па во вашиот дом ќе завладее спокој и мир. Конечно ќе ги решите проблемите околу  поделбата на имотот и други трошоци кои порано ви создавале главоболка. Едноставно ќе уживате во тоа што се ви оди од рака.

Ако слушнете мисирка на сон

Кога сонувате дека сте слушнале мисирка на сон, тоа имплицира дека ќе ви се јави некој кого сте го сакале. Тоа може да биде поранешниот партнер или пријателот кој ве повредил во минатото, но после долго време си ја сфатил грешката и сака да се смирите.

Можеби на почетокот сте страдале и сте се надевале дека ќе се вразуми, но со текот на времето сте сфатиле и сте се откажале од идејата и затоа сте решиле да ја заборавите личноста.

Ако сонувате дека јадете мисиркино месо

Ако сонувате дека јадете мисиркино место тоа значи дека ве очекува важен состанок. Веројатно сте се договориле да одите на ручек со деловни партнери со кои би сакале да ја продолжите соработката. Темелно ќе го подготвите вашето излагање и предлози за нови проекти кои ги имате на ум.

Друга можност е што често консумирате мисиркино месо, па тоа се одразило на вашата потсвест.

Ако некој друг јаде мисиркино месо

Доколку во ваш сон некој друг јаде мисиркино месо тоа значи дека ќе ги запоставите роднините и пријателите поради обврски на работа или школо.

Веројатно имате многу обврски, но вашите сакани немаат доволно разбирање за вас. Ви замеруваат што не поминувате доволно време заедно иако се свесни дека се жртвувате поради подобра иднина.

Ако подготвувате мисиркино месо

Кога сонувате дека подготвувате некое јадење од мисиркино месо можеби на улица ќе сретнете некого кого долго време не сте го виделе. Ќе одлучите да одите на кафе и да разговарате. Ќе сфатите дека ви е жал што досега не сте имале прилика почесто да се гледате, па ќе си ветите дека тоа ќе се промени.

Сон во кој некој подготвува јадење со мисиркино месо значи предупредување да внимавате што јадете. Немојте да претерувате во јадење, ако сакате да останете здрави. Не ги занемарувајте советите на лекарите за тоа што е добро, а што не е за вашето здравје.

Ако сонувате мисирка во двор

Ако на сон видите како мисирки се шетаат во двор тоа значи дека би требале да посветите внимание на проектите кои носат заработка. Сте се посветиле на работа која нема блескава иднина, но не сакате да се откажете од неа. На тој начин само си го губите времето и парите кои би можеле да ги заработите со нешто друго.

Ако сонувате мисирки во кафез

Доколку видите мисирки во кафез или во некој друг затворен објект тоа симболизира недостаток на слобода. Веројатно имате потреба сами да донесувате одлуки во животот, но вашето семејство не го дозволува тоа. Би сакале да се осамостоите и конечно да почнете да учите од сопствените грешки.

Ако сонувате мисирка во гнездо

Сон во кој гледате мисирка како лежи во гнездо тоа значи дека ви недостасува топлина во сопствениот дом. Ако сте за отселиле од дома поради работа или школување, логично е да чувствувате носталгија. Ако ве мачат овие соништа и ако се наоѓате во семејниот дом, тоа значи дека би требале да поработите на комуникацијата со домашните.

Ако сонувате дека ве нападнале мисирки

Овој сон укажува на тоа дека треба да внимавате со кого се дружите. Не би требале да се доверувате на личности чии намери не се сосема јасни, бидејќи некој би можел да ја злоупотреби ваша доверба. Своите тајни, стравови и планови кажувајте им ги само на блиските луѓе.

Ако сонувате дека мисирки напаѓаат некого тоа значи дека ќе бидете сведок на некоја неправда. Можеби ќе се најдете во друштво на луѓе кои со своите одлуки ќе го променат животот на некоја трета личност. Бидејќи ќе бидете дел од малцинството нема да можете да направите ништо за да го спречите овој неповолен епилог.

Ако колете мисирки

Сон во кој колете мисирки укажува на недостаток на самодоверба. Поради длабоко вкоренети комплекси имате чувство дека не сте доволно добри за некоја работа или личност. Имате толку многу особини кои не можете да ги видите. Често не им верувате на луѓето кога ви делат комплименти. Поработите на комплексите и животот ќе ви стане поубав.

Ако сонувате дека некој друг коле мисирка тоа значи дека ќе се обидете да искористите некого. Колега или колешка ќе ви сработи голема работа, но вие ќе сакате да го „соберете кајмакот“. Меѓутоа, неговото/нејзиното искуство ќе ве спречи во таа намера. Од тоа ќе научите дека за успехот мора сами да се помачите.

Ако ловите или ако пукате во мисирки

Ако сонувате дека ловите мисирки тоа е предупредување дека не треба да се богатите на нечесен начин и не би требале својата среќа да ја градите врз туѓа несреќа. Ако на сон пукате во мисирки можно е да сте во тајна врска со некоја зафатена личност. Би сакале тој/таа да го остави својот партнер, да ја изјави својата љубов, меѓутоа тоа нема да се случи. Би требале да се откажете од тоа и да си најдете некој кој ќе сака животот да го помине со вас.

Ако на сон видите дека некои други ловат мисирки тоа имплицира дека благодарение на некоја нова идеја ќе ги решите своите финансиски проблеми. Веројатно ќе започнете сопствен бизнис од кој ќе заработите многу пари.

Ако купувате мисирка

Ако сонувате дека купувате мисирки тоа е предупредување да внимавате како ги трошите парите. Не дозволувајте привлечните понуди да ве вовлечат во ризик. Исто важи и за купување на автомобил или куќен апарат. Барем денеска можете да проверите нешто пред да го купите.

Ако продавате мисирки

Ако на сон продавате мисирки тоа е индикатор за успех. Можеби ќе напредувате на работното место или новото работно место ќе ви донесе поголема заработка. Во секој случај, тоа ќе ви донесе големо олеснување на полето на финансиите. Конечно ќе можете да воздивнете бидејќи нема да мора да калкулирате колку да трошите за целиот месец и ќе можете себе да си дозволите нешто за кое сте мечтаеле.

Ако видите болна или мртва мисирка

Овој сон укажува на тоа дека блиска личност ќе ви ја повреди гордоста. Можеби ќе ве посрамоти пред поголемо друштво, за да делува поинтересно или попаметно. Нема ништо да му кажете, но вашиот однос значително ќе се промени. Немојте да бидете злопамтило, туку научете да простувате.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе или слушнале мисирка, тоа сигурно ви оставило силен впечаток на потсвеста.

Дефиниција за мисирка

Мисирка е голема птица од редот на кокошките Galliformes.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg