Матичар

Term Main definition
Матичар

За венчани: среќа во брак; за невенчани: љубовни средби.

Што значи да сонувате матичар?

Ако сте венчани, а сонувате матичар, тоа ја симболизира среќата во бракот. Бевте целосно сигурни дека сакате да го поминете остатокот од животот со саканата личност, што доаѓа до израз секој ден и ви укажува дека сте постапиле добро. Искрени сте со партнерот/ката и му/ѝ кажувате сè затоа што знаете дека ќе ви го даде најдобриот можен совет.

Ако сте невенчани, а сонувате матичар, тоа означува љубовна средба. Можно е, по некое одредено време, повторно да ја видите личноста на која не ѝ кажавте сè што сакавте. Често ве мачеа сомнежи и прашања за тоа што би се случило ако бевте поупорни. Дури и ако не го постигнете она што го сакате, вашата совест ќе биде мирна затоа што сте направиле сè што зависело од вас.

Сонување дека вие сте матичар подразбира дека ќе се покаете поради избрзаната одлука. Веројатно премногу рано сте го запознале партнерот/ката со членовите на семејството кои постојано ќе ве прашуваат за него. Мислевте дека вашата врска е посериозна отколку што, всушност, е а уште и тие ќе ве притиснат да му дадете втора шанса во моменти кога ќе сакате да раскинете.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе матичар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за матичар

Матичар е службеник кој го извршува венчавањето и ги запишува младенците во матичната книга.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg