Малини

Term Main definition
Малини

Берење: после тешкотии очекувај благосостојба; јадење: љубовна кавга.

Што значи да сонувате малини?

Ако во сон гледате малини, тоа укажува дека ќе се заљубите. Можно е многу брзо да почувствувате како пеперутките во стомакот не ви даваат мир и како се активираат во моментот кога ќе ви се приближи симпатијата.

Ќе се обидете да се контролирате и да го скриете црвенилото на образите, но, од друга страна, ќе ви годи да се чувствувате како тинејџер/ка кој/а ја користи секоја можност да биде во друштво на односната личност.

Сонување дека берете малини подразбира дека по тешкотиите доаѓа благосостојба. Бидејќи сте работеле вредно за да се изборите за добра позиција во фирмата, конечно ќе можете да здивнете и да уживате во сè што сте постигнале. Славата и моќта нема да ве заслепат, туку секогаш ќе ги имате на ум луѓето кои ви подале рака додека сте биле на дното и кои биле со вас кога ни вие самите не верувавте во успех.

Кога во сон јадете малини, тоа означува љубовна кавга. Веројатнo вие и вашиот партнер/ка сте темпераментни и не попуштате сè додека едниот не набави  непобитни докази дека е во право. Не ја применувате изреката дека попаметниот попушта, поради што доаѓа до непотребни расправии кои ја ставаат љубовта што ја чувствувате во втор план.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте береле или сте јаделе малини, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за малини

Малината е повеќегодишно листопадно растение од фамилијата рози чиј плод се користи во исхраната на луѓето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg