Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Силување |
Ако видите силување во сонот предупредува дека ве очекува несреќа. |
| Силуетa | Силуета на сон може да е најава за скриен непријател. |
| Симнување | Внимателно, некој од ваша близина не ви мисли добро. |
| Симпатија | Значи дека ќе имаш среќа во љубовта. |
| Син | Ако имате син во сон е симбол на среќа, ако изгубите син значи дека ќе имате мала загуба, штета, пцуење, расправија со него или неисполнети желби; ако тепате син предупредува на расправија во куќата. |
| Сина боја | Сината боја во сон е симбол на пријатни моменти кои доаѓаат наскоро. |
| Синџир | Гледање: старост во осаменост; заврзан (окован) во синџир: проблеми и грижи; ослободување од синџир: со силата ќе дојдеш до успех. |
| Сипаници | Сипаниците значат добивка на која не сте се надевале. |
| Сираче | Ако вие сте сираче во сонот, ова означува краткотрајна среќа. |
| Сирење | Ако видите или купите сирење во сон е симбол на среќа во љубовта, додека ако јадете ве предупредува дека сте изложени на измама, итрина. |
| Сиромашен човек | Ако во вашите соништа видите сиромашна личност потсвеста ве предупредува дека сте станале непромислени, ако ѝ помогнете во сон значи дека вашиот пријател влегол во неволја. |
| Сиромашни деца | Ако во сон видите сиромашни деца, тоа значи дека на потежок начин ќе сфатите дека парите не се најважната работа во животот. |
| Сиромашни луѓе | Особено сте чувствителни на деца и постари лица. |
| Сиромаштија | Кога сонувате дека вие сте во сиромаштија, тоа симболизира нови можности. |
| Сируп | Сируп на сон може да е знак за некоја лажна претстава која ја имате за блиска личност. |
| Сифилис | Чувствувате вина непотребно. |
| Сифон | Во најава е интересно дружење. |
| Скакулец | Кога сонувате скакулци, тоа значи дека сте изложени на загуба, измама, пред вас се лоши времиња. |
| Скали | Ако видите скали: среќа; слегувате по нив: помала загуба; ако се искачувате: поголема посветеност ако сакате успех. |
| Скара | Сонување изгасната скара предупредува на минлива опасност, а скара со жар означува болест, соблазнувачки мисли. |
| Скафандер | Можни се проблеми во сексот. |
| Скејтборд | Овој сон ја означува вашата слободна и забавна страна. |
| Скеле | Ако видите: вашата среќа е постојана; ако сте качени на скеле: опасноста ви се заканува, ако поставите: работата ќе ви се исплати. |
| Скенер | Сакате да напредувате во работата, но тоа не ви оди баш од рака. |
| Скии | Ако сонувате дека скијате симболизира брз напредок во животот. |
| Скитник | Ако видите скитник во сон, ќе добиете лоша репутација. |
| Склероза | Постои можност некој да ве повреди емотивно. |
| Скокање | Ако сонувате дека скокате предупредува на беда, мали непријатности. |
| Скорпија | Скорпија во сон симболизира штета, озборувања во реалноста. |
| Скржавец | Скржавец е симбол на непријатни вести, расправии во семејството, неуспех, каење и несреќен брак. |
