Скара

Term Main definition
Скара

Сонување изгасната скара предупредува на минлива опасност, а скара со жар  означува болест, соблазнувачки мисли.

Што значи да сонувате скара?

Ако во сон гледате скара, тоа симболизира пријатни моменти. Можно е викендот да го поминете со вашиот партнер/ка или друштво и да уживате во свеж воздух, прошетки и вкусна храна.

Ќе го искористите максимално денот да се опуштите и да заборавите на многуте обврски што ве очекуваат.

Ако сонувате изгасната скара

Доколку во сон гледате изгасната скара, тоа предупредува на минлива опасност. Може да се случи да ја заборавите да ја заклучите вратата од станот/куќата или да исклучите некој од апаратите за домаќинство.

Вие нема да имате мир, затоа ќе се вратите да проверите и со тоа ќе ја спречите штетата што би можела да настане.

Ако сонувате скара со жар

Кога во сон гледате скара со жар, тоа означува соблазнувачки мисли. Веројатно ви се допаѓа личност со која не смеете да бидете затоа што вие или тој/таа е зафатен.

Ќе се трудите да бидете ноншалантни во негово/нејзино друштво, но несвесно ќе привлечете внимание кон себе, така што луѓето околу вас ќе сфатат дека нешто чудно се случува.

Ако сонувате дека чистите скара

Ако во сон чистите скара, тоа подразбира дека не ви се допаѓаат вашите обврски. Можно е во фирмата или дома да правите сè што другите не сакаат.

Често одите по нив и ги исправате грешките, но имате сè помалку трпеливост и планирате да им кажете сами да се снаоѓаат и да не сметаат на вас.

Ако сонувате дека составувате скара

Кога во сон составувате скара, тоа значи дека сте премногу сериозни. Не умеете  да се опуштите и барем еден ден да немате никаков состанок или друга обврска.

Постојано сте активни, затоа одморот мора да ви биде испланиран, во спротивно ќе се досадувате и ќе поминете лошо.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, палеле, чистеле или сте составувале скара, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за скара

Скара е уред за подготвување храна, претежно месо, со помош на оган или жежок јаглен.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg