Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Сте изгубиле нешто


Во сон значи дека трудот ви е залуден.

Сте изгубиле пари

Неуспех на работното место. 

Сте налутиле некого

Сонување дека лутите некого значи дека ќе стекнете нов пријател.

Сте се боцнале со игла

Кога некој ќе ве прободе со игла во сон, тоа значи дека се плашите од доктори.

Сте се загубиле

Во градот: полека, но сигурно ќе ја завршите работата што сте ја започнале многу одамна; надвор од градот: залуден е сиот ваш напор, секакви изненадувања; во шумата: се враќате од споредниот пат, ново познанство; во поле: измама, мизерија, беда.

Сте фатиле љубовници

Гледањето љубовници во сон предупредува дека некој ќе те измами.

Стебло

Со лисја: среќа, напредок; без лисја: загуба, љубомора; пресушено: неуспех, некој ќе ве измами; многу овошје: среќа во бизнисот; процветано: радост во куќата; големо: углед и почит; мало: некои луѓе ве омаловажуваат; Паднато дрво: среќа, почит; соборено: голема загуба, тага.

Стол

Обичен стол во сон значи среќен брак, скап значи дека завидувате некому, а скршениот предупредува дека наскоро ќе се расправате.

Стомак

Сонување дебел стомак значи дека ве очекува добивка; слаб, означува недостиг, беда; болен е симбол на грижи.

Стоматолог

Сонувањето на стоматолог е поврзано со стравот да донесете главна или голема одлука во вашиот живот.

Страв

Ако претпите страв во сонот тоа значи дека успешно ќе ги совладате тешкотиите.

Стража

Ако видите стража на сон значи дека времето е пари. Ако чувате стража симболизира грижи, љубовни проблеми, сомнежи, кражба.

Странец

Ако видите странец во сон значи дека ќе добиете неочекуван подарок.

Стрела

Ако видите стрела во вашиот сон предупредува на несреќа, разочарување, опасност, ако стрелате со стрела значи дека наскоро доаѓаат подобри и посреќни денови.

Стрико (стрина)

Ако видите стрико или стрина во сон предупредува на лага, расправија со роднини.

Стршлен

Ако видите: проблеми, грижи. Ако ве гризне: лутина, бес. Ако ги ловите: неуспешно решавање на проблеми. Ако убиете стршлен: успешно решавање на проблемот.

Студ

Студенило во сонот предупредува повеќе да внимавате при преземање на некоја работа.

Студена зима

Расправии во домот.

Судија

Ако видите судија во сон ве предупредува дека ќе имате непредвидени плаќања.

Судир

Ако сонувате дека имате судир на патот предупредува на непријатно патување.

Сунѓер

Ако сонувате сунѓер значи дека одеднаш ќе се најдете во весело друштво.

Супермаркет

На сон предупредува на неуспеси во тргување, трошоци.

 

Сурфање

Ако „сурфате“ на бран на плима во сон, тоа е знак за вашата самодоверба што ја имате со подемите и падовите во животот воопшто.

Суша

Суша во сонот симболизира мали радости во домот.

Суштествa од бајки

Суштество од бајка значи дека се плашите од болести.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg