Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Светски чуда


Кога на сон ќе ја видите Кеопсовата пирамида тоа значи дека трудот, работата и упорноста ќе ви се исплатат.

Свеќа

Ако гори: среќа, љубов, пријателство; изгасната: погреб, сожалување, тага; ако ја изгаснете свеќата: вашата желба ќе остане неисполнета; ако купите: тага.

Свеченост

Ако сонувате свеченост значи дека доаѓаат ваши драги гости.

Свештеник

Вашиот сон е претходник на семејната лоза на генерации и традиции, како и на невиноста и чистотата.

свила

Успех во друштвото и на работа. 

Свиња

Со прасиња: добивка, здравје; без прасиња: лага, срамота; заклана свиња: грижа.

Свирачи

Ако слушате свирачи во сон симболизира нова љубов.

Свиркање

Имате некои потиснати стравови. 

Својата куќа

Ако си ја видите сопствената куќа во сонот значи дека се чувствувате сигурно, безгрижно, додека ако продавате предупредува на трошоци, финансиски загуби.

Седење

Ве очекува пријатно и корисно патување во скоро време. 

Седло

Ако видите седло во сон значи среќа во игри на среќа, лесна заработка.

Секира

Ако видите секира во сонот тоа симболизира среќа, задоволство, ако сечете со секира предупредува на болест, загуба, мали проблеми.

Секс

Ако се сонувате себеси во сексуален чин: во реалноста сте слабо активни на тоа поле. Секс со сопруг/сопруга значи дека сте незадоволни од врската. Секс со друга личност значи дека ќе имате кратка врска. Ако гледате како другите имаат секс значи дека вашата срамежливост ве спречува премногу во многу ситуации.

Селанец / селанка

Ако во сон видите селанец, тоа покажува дека ќе слушнете добри вести.

Селидба

Грижи, сиромаштија.

Село

Ако видите село во сонот ве предупредува да се вардите од деловните партнери.

Семафор

Семафор на кој свети зелено светло е знак дека треба да тргнете во акција. 

Семе

Ако сонувате семе, тоа симболизира успех, добивка, ве чека здравје.

Сендвич

Кога сонувате сендвичи можеби се чувствувате преоптоварени или сте под стрес.

Сено

Ако сонувате сено значи мизерија, сиромаштија, лежење на сено симболизира радост, задоволство, здравје.

Сепаре

Сепаре на сон може да биде некој лош знак.

Септември

Работите наскоро ќе тргнат во добра насока. 

Серенада

Серенада на сон може да е знак за флерт. 

Сестра

Ако ја видите вашата сестра во сон значи дека ќе добиете подарок, а ако сонувате дека починала симболизира радост во семејството.

Сива боја

Кога во сон ќе видите сива боја, тоа значи дека не е време за нови почетоци.

Сидро

Ви претстои патување.

Сијалица

Сијалиците во сон претставуваат идеи, реалност и ѕвезда водилка. Нивната состојба е одраз на вашите мисли за време на добри и лоши времиња.

Силеџија

Неверство, љубомора.

Силување

Ако видите силување во сонот предупредува дека ве очекува несреќа.

Силуетa

Силуета на сон може да е најава за скриен непријател.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg