Светлина / светло

Term Main definition
Светлина / светло

Среќа, успех во работата.

Што значи да сонувате светлина? 

Ако сонувате како гледате светло/ светлина, тоа значи дека ве очекува среќа.

Успешно пронаоѓате решение за сите проблеми и ситуации во кои се наоѓате.

Вие сте вечен оптимист па негативен исход не прифаќате во ниту една конотација. 

Ако сонувате светло во магла

Ако видите светлина во магла, тоа значи дека ќе се извлечете. Можно е блиска личност да ви помогне да ги решите материјалните проблеми кои веќе подолго време ви создаваат главоболка. Ќе ви дојде како „кец на десетка“ оваа помош.

Ако сонувате како палите светло

Ова значи дека ќе ви се променат некои гледишта. Ќе се обидете да извлечете поука од лошите работи кои ви се случиле, за да не ви се повторат. 

Ако сонувате како гасите светло

Ова значи дека не сте доволно истрајни. Залудно се обидувате да ја сокриете грижата на совест за одредени работи. Немојте да испаднете кукавица.

Ако сонувате заслепувачка светлина

Ова укажува дека во врска со одредена ситуација постапувате непромислено. Може да се случи во ек на голема среќа, тага или бес да направите нешто на што нема да бидете горди. Не умеете да ги контролирате емоциите па многумина мислат дека сте незрели.

Ако сонувате светло на крајот на тунелот

Обично овие сонови укажуваат дека во блиска иднина ќе успеете да ги решите проблемите кои ве мачеле подолго време. Важно е да остенете трпеливи и да почекате да се наредат коцките како што треба.

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg