Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Копање |
Ако копате нешто во сон ви се заканува дека ќе се обелоденат старите грешки, неволја. |
| Копар | Доколку во сон видите копар, тоа значи дека конечно ќе имате доволно време да се посветите на уживање со пријателите и семејството. |
| Копје | Ако сонувате копје предупредува на кавги, клевети, навреди, лоши пријатели. |
| Копнеење за секс | Ако сонувате дека копнеете за секс тоа значи дека ви недостасува самодоверба. |
| Копнеж | Да копнееш за некој или нешто значи дека желбата ќе ти се исполни во краток временски период. |
| Коприва | Ако берете коприви во сон значи дека некој ве озборува, а ако се пецнете е предупредување да се вардите од несреќа, понижување. |
| Копче | Ако сонувате тоа е знак за добар завршеток на некоја „акција“, добивка. |
| Корени | Ако јадете: расправа, кавга, замка; ако копате/ вадите: богатство. |
| Корпа за отпадоци | Ако на сон видите корпа за отпадоци тоа значи дека сте подготвени да се ослободите од луѓето кои негативно ви влијаат врз психата. |
| Коса | Сон во кој има коса може да биде стресен бидејќи вклучува многу емоции кои се однесуваат на потсвесна енергија скриена длабоко во вас. |
| Коса (за трева) | Ако косите трева во сон, тоа е предупредување дека ве очекуваат тешкотии. |
| Косење трева | Укажува на тоа дека ќе имате доволно грижи предизвикани од глупости, незнаење и лоши луѓе. |
| Коски | Човечки: грижа, болест, смрт во околината; животински: ќе ве снајде неволја. |
| Костен | Ако видите: никој ништо не ви може; ако берете: големо искушение, алчност; ако јадете: љубовна авантура, здравје. |
| Костим за капење | Ако облекувате: крај на љубовта; ако купите, видите: непријатна средба, изненадување. |
| Костур | Ако видите костур во сонот значи дека ќе се исплашите без потреба. |
| Коцкање | Ако сонувате дека сте добиле предупредува на загуба на пријатели или на пари, ако изгубите на игри на среќа значи дека по сопствена вина ќе се најдете во непријатна ситуација. |
| Кочија | Ако видите кочија во сонот значи дека ве очекува патување, многу радости. |
| Кочијаш | Со кочија и коњи: ќе добиете непознати добродетелства; без кочија: несреќа. |
| Кошница | Со цвеќе: среќа во љубовта; празна: загуба, несреќна љубов; ако носите кошница: здравје. |
| Кошница за пчели | Кошница полна со пчели во сон значи богатство додека празна значи загуба, сиромаштија. |
| Кошула | Ако облекувате или соблекувате: средени прилики, ќе се ослободите од грижи; ако перете кошула: слога во домот; искината: расправија, неостварени желби; ако шиете кошула: среќа во љубовта; чиста: желбата ќе ви се исполни; валкана: болест, чувајте си го образот. |
| Крава | Aко молзете: ќе наследите некого, голема добивка; ако видете: краткотрајна среќа во сè; дебела: плодна година; слаба: оскудна година, загуба. |
| Крадец | Гледање: непријатна авантура; фаќање: ти претстои опасност; да се биде крадец: среќа во љубовта; да го затекнете во стан: ќе избегнете несреќа; бркање: биди внимателен со новата љубов. |
| Кражба | Ако откриете кражба: ќе го надополните она што сте го изгубиле, напредок, среќа; ако учествувате со други луѓе во кражба: ве очекува неуспех по неуспех; ако украдете нешто сами: расправија со саканата личност, неуспеси; ако ве искрадат: ќе изгубите драг пријател. |
| Крал | Крал на сон означува далечно патување. |
| Кралица | Интуиција и личен раст. |
| Краставица | Ако видите: ќе имате низа непријатности; ако берете: ќе се израдувате; ако јадете: љубовни успеси; незрели, горчливи: несреќа; кисели: болест. |
| Крв | Ако плукате: лутина, загуба, болест, срам; ако пиете: добивка; од носот: радосен настан; ако видите туѓа крв: смрт во семејството, опасност; ако ја видите вашата крв: добар знак за сè што преземате. |
| Кревет | Валкан: сиромаштија, болест; чист: богатство, верност во бракот; полн: наскоро ќе имате љубовна авантура; скршен, празен кревет: смртен случај, разочарување, наместен: убава иднина; неуреден: непријатна вест; ако лежите во кревет: болест. |
