Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Кавга |
Со пријател: некој ќе ви нанесе тешка болка, неприлики на работа, проблеми, грижи; расправија во бракот: семејна среќа, ново пријателство; со личност од спротивниот пол: ќе се заљубите; ако гледате расправија: озборување; расправија меѓу жени: ќе сторите несфатлива грешка. |
| Када | Полна со вода: имате соперник во љубовта; празна: вие сте газда во куќата; ако се бањате во када: се подготвувате да извршите неверство. |
| Казна | Ако казните некого во сон значи дека совеста не ви е мирна. |
| Кајгана | Ако правите кајгана: мирен живот; ако јадете: сте станале сомнителни на околината. |
| Кајмак | Кајмак во сон значи дека ви претстои успешно деловно патување на јаве. |
| Кајсија | Ако сонувате кајсии значи дека ве очекува благосостојба, задоволство. |
| Кајче | Набљудување: долг пат; празен: не донесувајте избрзани одлуки; полн: ќе ги надмудрите непријателите. |
| Кактус | Ако видите кактус во сон предупредува на штета поради невнимание. |
| Кал | Гледање: борба за опстанок, болест, срам, озборување, малодушност. |
| Календар | Календар во сонот ви се заканува дека ќе изгубите пријател. |
| Калинка | Јадење: ќе ви се допадне некоја убава личност, можни интимни односи со неа и врска. Гледање: ве очекува интересно познанство. |
| Калуѓер | Ви претстои тага. |
| Калуѓерка | Ве очекува несреќна љубов. |
| Камбана | Предзнак дека ве очекува радост. |
| Камен | Ако видите камења во сон, тоа е предупредување дека ќе доживеете непријатност. |
| Каменолом | Ако видите: ќе се стекнете со имот, зголемување на имотот; ако работите на каменолом: нема да бидете доволно наградени за вашиот труд, расправа со претпоставениот. |
| Камила | Едногрба: животот не ви е исполнет со радости; двогрба: наскоро ќе имате тешки часови; ако јавате: ве очекува некоја промена на подобро во домот, важни вести. |
| Камилица | Ако берете, купувате: болест во домот, ако пиете: оздравување, подобрување. |
| Камин | Со оган: ќе добиете добра работа, пофалба на работа; без оган: работата ви е многу несигурна. |
| Камп | Ако го видите: ќе имате пријатни моменти; ако сте во него: немир, несигурност. |
| Камшикување | Кога некој ве камшикува, тоа значи дека ви претстои голем деловен успех, здравје. |
| Канаринец | Ако го слушнете како пее: ќе го проширите кругот на пријатели; ако го видите: ви подготвуваат стапица, некој ве озборува. |
| Кандило | Ако видите кандило во сонот ви се заканува болест, а доколку палите кандило значи дека ви претстојат пријатни часови. |
| Кантар | Ако сонувате кантар тоа претставува предупредување дека ви претстои болест на јаве. |
| Канцеларија | Ако видите канцеларија во сон значи дека ќе ве притиснат грижи. |
| Капа | Ако видите капа: мала добивка; ако изгубите: некој ви е верен; ако најдете: неочекувана средба. |
| Капар | Ако дадете капар во сонот предупредува да не се изложувате на ризик на јаве. |
| Капела | Ако сонувате капела значи дека ќе најдете искрен пријател, патување. |
| Капија | Затворена: малку поголема одлучност при дејствување, не се радуваат на вашата посета; отворена: животот ви влегува во посреќни води; ако отворите на сила: на сила ќе стигнете до успех. |
| Капини | Ако видите: ќе се најдете во сиромаштија; ако берете: некој ве сака многу; ако јадете: ќе добиете непријатен брачен партнер; ако купувате капини: ве очекуваат ситни непријатности и кавги. |
