Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Креда |
Креда во сонот се заканува дека ќе западнете во долгови. |
| Крзно | Ако носите: опасна болест; ако купите: непотребно се расфрлате; ако подарите: неуспешен бизнис; ако добиете: необичен настан; скапоцено: долгови, лоши вести. |
| Криење | Ако сонувате дека се криете предупредува дека совеста ви е немирна. |
| Крилја | Ако видите крилја во вашиот сон тоа може да значи дека ќе слушнете добри вести, патување. |
| Кров | Со ќерамиди: мирен живот; со дрва или со слама: ќе ве изневерат пријателите; урнат кров: ви се заканува несреќа, искушение; ако паднете од кров: ќе доживеете голема чест. |
| Кројач/ кројачка | Во сон предупредува дека на јаве ве очекува озборување, загуба, непотребни трошоци, весело друштво. |
| Крокодил | Ако видите крокодил во вашиот сон предупредува дека некој пријател ќе биде неискрен кон вас, несреќа. |
| Кромид | Ако на сон видите кромид тоа значи дека ве очекува непријатност, каење, солзи, тага, болест. |
| Крст | Крст во сонот значи дека ве очекуваат големи тешкотии на работа која успешно ќе ги совладате. |
| Крузер | Можно е да фантазирате за некое егзотично патување или дури само да отпатувате на море за да се опуштите и да се одморите од секојдневните грижи. |
| Круша | Зрела: наскоро ќе бидете безгрижни; ако јадете круши: радост; скапани круши: несреќа; расцветано дрво: уживање во љубовта; ако берете, тресете: успех на сите полиња; зрела: наскоро ќе бидете безгрижни. |
| Крштевка | Ако го сонувате чинот на крштевање на детето тоа значи дека ве очекува наследство, добивка. |
| Куглана | Весело друштво, посета од далечина. |
| Куглање | Ќе запознаете нови луѓе во чие друштво ќе можете да бидете целосно опуштени. |
| Кукавица | Ако сонувате кукавица означува среќа, здравје, добивка на јаве. |
| Кукла | Гледање кукла во сон значи дека парите ги трошиш залудно, каење, јад, чемер. |
| Кула | Гледање кула во сон значи дека успешно ќе ги совладаш тешкотиите. |
| Кум | Ако си го видите вашиот кум значи дека ќе добиете подарок, а ако сте кум некому предупредува дека ве очекува расправија. |
| Кумство (кумување) | За слободни: брак, успех во работата; за венчани: нови обврски. |
| Купувате нешто (шопинг) | Ако купувате нешто во вашиот сон предупредува дека ќе имате непредвидени трошоци во реалноста. |
| Куќа | Очекувајте подобрување на здравствената состојба. |
| Куќна помошничка | Ако сонувате куќна помошничка ви се заканува неслога, грижи, болест. |
| Куфер | Куфер во сон значи дека ви претстои пократко патување. |
| Куче | Ако сонувате дека ве нападнало или гризнало куче: кавга за пари, опасност, болест; ако видите или се играте со куче: ќе најдете моќен заштитник, добра вест; ако раните или убиете куче: вашите противници ќе претрпат загуба; ако некому му подарите куче: несреќа; ако сонувате луто куче: вашиот пријател ќе ви стане непријател, смрт во семејството; ако лае или завива: лутина, болест, лоши вести. |
