Кукла

Term Main definition
Кукла

Гледање кукла во сон значи дека парите ги трошиш залудно, каење, јад, чемер.

Што значи да сонувате кукла?

Сонување кукла укажува дека некој си игра со вашите чувства. Можно е да се работи за личност која е свесна дека не постои ништо што не би направиле за него/неа и тоа го користи. Ви се јавува само во моменти кога му/ѝ е нешто потребно и манипулира со вас за да го добие тоа што го сака.

Иако сте и самите свесни како стојат работите, секогаш се надевате дека овој пат ќе биде поинаку.

Ако во сон си играте со кукла, тоа подразбира дека не сакате да пораснете. Веројатно постојат многу работи кои ве плашат поради што го одложувате соочувањето што подолго можете. Тешко се вљубувате и склопувате пријателства затоа што сте свесни за ризикот кои тие со себе го носат, како и можноста да бидете повредени. 

Кога во сон фрлате кукли, тоа значи дека нешто сакате да заборавите. Можно е да не сте имале безгрижно детство како другите деца што на вас оставило неизбришливи траги. Постојат многу работи кои не можете да им ги простите на родителите што најмногу ви штети и ве спречува нормално да живеете.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте фрлале или сте си играле со кукла, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за кукла

Кукла е играчка во облик на човек која на децата им служи за игра, на кројачите за модел, на глумците како замена во опасни сцени итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg