Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Капут |
Ако видите капут во сонот значи дека ве очекуваат грижи, загуба, сиромаштија. |
| Каранфил | Ако сонувате каранфил значи дека ви претстои радост, задоволство. |
| Карневал | Ако видите карневал во сонот предупредува на тага, сомневање. |
| Карпи | Ако видите карпи на копно значи дека ќе ги надминете сите тешкотии, додека на морскиот брег тоа значи дека нема да успеете без туѓа помош. |
| Карти (шпил) | Ако учествувате во игра: лутина, расправија; ако гледате игра: преку измама ќе стекнете добивка/заработка, љубовни интриги. |
| Каса | Полна со пари: богатство; празна: неволји, долгови, сте станале лековерни; ако земате пари од каса: горчливо разочарување. |
| Катанец | Предупредува да се вардите од кражби. |
| Катран | Ако сонувате катран значи дека ќе доживеете понижување, болест. |
| Кауч | Ако видите кауч во сон значи дека ќе уживате во семејната среќа. |
| Кафе | Ако пиете кафе: озборување; ако подготвувате кафе: очекувајте посета; ако мелете кафе: лутина, расправа со жената. |
| Кафеава боја | Кафеавата боја во сон укажува дека е време да се „спуштите на земја“ и да преземете одговорност за своите постапки. |
| Кафеана | Ако видите: неповолни вести, расправија; ако седите во неа: за вас не важи поговорката: „времето е пари“; ако седите во кафеана без пари: непријатно изненадување. |
| Кафез | Ако е празен: ослободување од претерани грижи; со птица: ќе запознаете пријател кој е сличен на вас. |
| Кафемат | Нов – можна е преселба. Стар – ќе имате работа околу уредување на домот. |
| Кафуле | Сонувањето кафуле значи дека ве следат парични издатоци, загуби, трошоци. |
| Кацига | Ако сонувате кацига значи дека ќе добиете помош кога ќе ви биде потребна. |
| Кашлица | Ако кашлате во сон предупредува да се вардите од ласкавци и полтрони на јаве. |
| Кеј (крајбрежје) | Имате некого кој би сакал да ве штити, сите опасности се зад вас. |
| Келнер | Келнер во сонот предупредува на непотребни трошоци, неслога. |
| Келнерка | Келнерка означува дека ве очекува веселба. |
| Кечап | Ако сонувате кечап, тоа имплицира дека би можеле да заминете на кратко патување во друг град или земја. |
| Кибрит | Кибритчињата во соништата симболизираат добивка, пријатно изненадување во реалноста. |
| Кивање (кивавица) | Кивавица во сонот предупредува да се вардите од измами на јаве. |
| Киви | Ако сте сонувале киви тогаш тој сон означува промени на работа, напредок во работата, финансиска добивка. За некои луѓе пак значи сосема спротивно, проблеми на работа, финансиска загуба. |
| Киднапирање | Ако украдете/одземете нешто во сон симболизира раздор во брак, кавга помеѓу љубовниците. |
| Кики/ плетенки | Ако видите: ќе се заљубите; ако носите: среќата е на ваша страна; ако имате преголеми: несреќа; ако плетете, чешлате: среќа во бракот, радост; ако скратите: ќе се ожалостите. |
| Кикиритки | Победа на некој натпревар со некого или пријателски настроено натпреварување или надигрување. |
| Килим | Ако видите килим на сон тоа значи дека ќе бидете лути на некого од фамилијата. Килим кој лета означува дека нема да ви се исполни желбата. |
| Кинези / Кина | Ако видите Кинез во сон значи дека ќе одите на пат, додека ако разговарате со него значи дека ве очекува посета од странство. |
| Кино | Ќе дознаеш голема тајна, ќе разјасниш голема мистерија. |
