Кивање (кивавица)

Term Main definition
Кивање (кивавица)

Кивавица во сонот предупредува да се вардите од измами на јаве.

Што значи да сонувате дека кивате?

Ако сонувате дека кивате

Ако имате кивавица во сон, тоа е предупредување да се вардите од измами на јаве. Можно е да поверувате во лагата на личност која само ќе сака да ви ги земе парите и да исчезне. Инаку, по природа сте многу сомничави и претпазливи, но за прв пат во животот се среќавате со некој кој е толку убедлив и сигурен во она што го зборува.

Второто значење е дека ќе бидете исплашени без никаква причина. Може да настинете и да имате симптоми кои ќе ве асоцираат на нешто многу посериозно. Со оглед на тоа дека се грижите за сопственото здравје, ќе се информирате за терапијата што треба да ја користите на повеќе места.

Ќе се вардете од сè што, според вас, придонело за вашата болест, па многумина ќе ви кажат дека претерувате.

Ако сонувате дека некој друг има кивавица

Ако сонувате дека некој друг има кивавица, значи дека некој нема да ја сака вашата помош. Веројатно станува збор за член на семејство кој има проблеми и не прави ништо за да ги реши. Ќе ве мачи глетката дека се однесува толку неодговорно и ќе бидете убедени дека ќе ви се обрати за совет само кога биде предоцна за се стори нешто.

Ако сонувате дека кивате неколку пати по ред

Кога кивате неколку пати по ред во сон, тоа значи дека сте опседнати со некоја идеја, но нејзината реализација е прилично бавна. Честопати размислувате колку време имате потрошено на тоа и колку повеќе ќе ви треба за да го завршите. Потребна ви е трпеливост затоа што имате доволно мотивација. Ако навистина сакате нешто, тогаш не треба да ве интересира колку труд вложувате во тоа.

Ако сонувате дека некој друг кива неколку пати по ред

Ако во сон видите или слушнете некој како кива неколку пати по ред, тоа подразбира дека ќе се занимавате со нешто што е спротивно на вашите морални принципи. Веројатно во тоа гледате некаква долгорочна корист, но сепак имате грижа на совест дека мора да го сторите тоа. На вас е да одлучите дали тоа е доволна причина да ги погазите вашите верувања.

Ако сонувате дека се обидувате да кивнете, но не можете

Овој вид на сон значи дека сте премногу оптеретени од туѓите проблеми. Многу размислувате за тоа дали сте можеле да ги спречите и што би сториле кога би имале способност да го вратите времето. Сепак, и самите сте свесни дека такво нешто не е можно, затоа мора да се потрудите да ги тргнете ваквите мисли од вашата глава.

Сега е време да се поправи штетата, доколку е можно. Ако вие лично не можете да влијаете на тоа, немојте повеќе да се измачувате поради тоа.

Ако сонувате дека кивате со отворени очи

Знаете дека е докажано дека човекот не може да кивне со отворени очи, затоа овој сон симболизира нешто недостижно. Веројатно копнеете по нешто што не ви е достапно. Може да биде личност којашто ви се допаѓа или некоја материјална работа. Можеби е време да се помирите со фактот дека не можете секогаш да го добиете она што го сакате и да го пренасочите фокусот на интерес кон нешто друго.

Ако сонувате дека другите киваат со отворени очи

Ако во сон видите како некој кива со отворени очи, тоа значи дека се восхитувате на погрешна личност. Во моментот идеализирате некоја личност што воопшто не го заслужил/а тоа. Станува збор за личност која е само „силна на зборови“, но не и на нивната реализација. Можеби очекувате тој/таа да ви помогне да решите проблем, но тоа нема да се случи.

Ако сонувате дека некој ви кивнал во лице

Кога сонувате дека некој ви кивнал во лице, тоа укажува на фактот дека премногу се грижите за тоа што мислат луѓето за вас. Често барате потврда дали сте направиле нешто добро и се обидувате да скриете постапки што можат да наидат на критика.

Овој популистички начин на размислување и дејствување е директна последица на воспитанието и длабоко вкоренетите комплекси со кои не сакате воопшто да се соочите.

Ако сонувате дека некому сте му кивнале во лице

Ако кивнете некому во лице во сон е знак на непочитување, и во реалноста и во соништата. Обидете се да се сетите кому сте кивнале во лице во сон, за да разберете зошто сте сониле токму таков сон. Ако станува збор за личност што ја познавате на јаве, тоа подразбира дека го/ја обвинувате за нешто.

Ако сте кивнале во лице на непозната личност во вашиот сон, можно е да почувствувате непријатност на јаве.

Ако сонувате алергиска кивавица

Ако кивате во сон бидејќи сте алергични на нешто, тоа подразбира дека сте самите сте си најголем непријател. Си дозволувате да се занимавате со нешто што не е добро за вас или да уживате во мали задоволства што, на долг рок, можат да имаат негативно влијание врз вашето здравје и животот во целина.

Ако сонувате дека лекувате кивавица

Кога во сон се обидувате да излекувате кивавица со лекови, тоа значи дека сте одбрале погрешен начин за решавање на проблем. Консултирајте се со некој на кој му верувате, бидејќи тој сигурно ќе ви покаже каде грешите. Не бидете суетни и да верувате дека сте најпаметни. Понекогаш едноставно не можете да бидете објективни во некои ситуации, и во тој случај треба да побарате совет од друго лице.

Ако сонувате дека некој друг лекува кивавица

Сон во кој гледате како некој пие лекови за кивавица укажува на тоа дека сте загрижени за здравјето на вашата сакана личност. Можеби сте забележале некои симптоми, но тој/таа ги негира. Верувате дека тоа е затоа што не сака да оди на лекар, па се плашите дека неговата/нејзината здравствена состојба ќе се влоши.

Ако станува збор за возрасна личност, не можете многу да направите. Замолете го/ја да закаже преглед, но не инсистирајте, бидејќи тоа може да предизвика контраефект.

Ако сонувате дека кивате поради бибер

Ако сонувате дека кивате поради тоа што сте помирисале бибер, тоа имплицира дека има нешто во вашиот живот што ве иритира многу. Можно е да се работи за одредена личност, ситуација или проблем што не сте во можност да го решите. Ако имате проблем со некој во вашиот живот, обидете се да се дистанцирате од него некое време.

Ако станува збор за ситуација со членови на семејството, колеги или работодавци, најдете начин да го свртите нивното внимание кон тоа. Само искрен разговор ќе го реши тоа. Не дозволувајте вашите емоции да ве обземат, така што би можеле во афект да кажете што не го мислите.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте кивале, сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за кивавица

Кивањето е заразна болест што лесно се пренесува и главно влијае на носот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg