Килим

Term Main definition
Килим

Ако видите килим на сон тоа значи дека ќе бидете лути на некого од фамилијата. Килим кој лета означува дека нема да ви се исполни желбата.

Што значи да сонувате килим (тепих)?

Ако сонувате килим или тепих

Ако на сон видите килим или тепих, тоа укажува дека ќе бидете лути на член на семејството. Можно е роднините да имаат преголеми очекувања од вас и дека себе си даваат за право да располагаат со вашето време како им одговара. Тоа нема да ви се допадне па ќе мора да им биде јасно дека претерале и дека не смеат така да се однесуваат.

Ако сонувате летечки килим

Кога сонувате летечки килим тоа имплицира дека вашите очекувања нема да се исполнат. Веројатно сте си поставиле нереални цели и само сте губеле време обидувајќи се да ги остварите. Склони сте кон перфекционизам и таа особина ви донела повеќе штета отколку корист.  Додека не го промените начинот на размислување, ќе се чувствувате неуспешно и ќе ви се намножуваат разочарувањата.

Ако правите тепих на сон

Ако сонувате дека правите тепих тоа предупредува да се чувате од женско друштво. Ако маж сонува ваков сон можно е во околината да има женска личност која е подготвена на се за да биде забележана од него. Може да се случи на вашата партнерка да и зборува лаги и дека со уцена ќе се обиде да ве задржи.

Доколку жена сонува дека ткае килим, веројатно блиска личност фрлила око на нејзиниот партнер. Ќе се труди да се претстави како некоја која може да се има доверба само за да го има во увид вашиот брак или врска.

Ако сонувате шарен тепих

Кога на сон ќе видите килим со егзотични шари, тоа предупредува дека против вас во тајност се подготвува нешто. Секогаш сте се труделе да бидете фер и коректни кон секого кој ќе ви се обрати за помош. Најважно ви е да постапувате во согласност со вашите принципи и да ви биде мирна совеста. Можеби некој нема да биде задоволен од вашата реакција да се обиде да ви наштети и да ви врати за неправдата која според негово/нејзино мислење ја претрпел.

Ако сонувате модерен тепих

Ако сонувате килим со модерни шари, тоа означува остварување на далечни желби. Можно е да сте имале некои планови кои поради многубројни обврски сте ги одложиле. Повеќе пари сакате да трошите на семејството отколку за свои потреби. Во претстојниот период ќе имате прилика да отпатувате и да си се посветите себеси, што ќе прифатите со двете раце.

Ако чистите или перете килим

Кога сонувате дека чистите или перете килим тоа имплицира дека во иднина ќе воспоставите рамнотежа во својот живот.  Можеби сега ви делува дека жонглирате помеѓу работата, пријателите и семејството, но наскоро се ќе си дојде на свое место. Ќе можете помалку д работите, а пристојно да живеете од вашата работа. Така ќе имате повеќе време за она што ви причинува задоволство.

Доколку во ваш сон некој друг пере или чисти килим тоа значи дека треба да водите сметка за хигиената на вашиот дом. Сметате дека домашните обврски се губење време, но тоа не значи дека треба секојдневно да вдишувате прашина и да газите врз нечистотија. Променете ја оваа грда навика поради ваше добро.

Ако тресете килим

Кога сонувате дека тресете килим тоа имплицира дека премногу површно им приоѓате на некои нешта. Не сакате да се заморувате со проблеми кои можат да причекаат до утре, но така и правите „услуга на мечката“. Ќе се доведете во состојба кога нема да можете глава да кренете од обврски. Време е подобро да се организирате и да не забушавате додека работите, бидејќи претпоставените тоа ќе го забележат. Ако некој друг тресе килим во ваш сон можеби неправедно ќе обвините сакана личност дека ве измамила или предала.

Можеби ќе се посомневате во верноста на партнерот или вербално ќе нападнете некој пријател бидејќи ќе сметате дека ве озборувал/а. Во секој случај, нема да слушате аргументи, па би можеле да останете без личноста која ви е драга.

Ако купувате килим

Сон во кој купувате килим сугерира дека во блиска иднина ќе дојдете до лесна заработка. Парите ќе ги потрошите на нешто што долго сте мечтаеле, а што ќе ви го подобри квалитетот на животот.

Ако продавате килим

Доколку сонувате дека продавате килим значи дека ќе му бидете утеха на пријател кој претрпел голема загуба. На сите начини ќе се трудите да го орасположите и да му помогнете да се избори со кризата. Можеби во таа прилика ќе ги занемарите личните обврски, но животот некогаш ќе ве награди за доброто дело.

Ако подарите килим

Ако некому на сон му подарите килим тоа имплицира дека е време за радикална промена на животните навики. Ќе морате да се откажете од некој порок и да го промените начинот на исхраната ако сакате да доживеете длабока старост.

Ако добиете килим на подарок

Кога сонувате дека сте добиле килим на подарок тоа значи дека ќе ви пристигнал гости на кои не сте се надевале. Со оглед на тоа дека на другите им се најавувате пред да дојдете, оваа ненајавена посета ќе ве навреди. Нема да се двоумите да го кажете тоа отворено, но нема да забележете ниту дека вашиот ладен пречек значително ги трогнал.

Нов килим

Ако на сон видите нов килим тоа имплицира дека ќе влезете во нова авантура со голема доза на внимателност. Добро ќе ги проанализирате сите можни ризици и последици од вашиот нов проект, за да избегнете да направите грешка.

Стар парталав килим

Овој сон е предупредување да водите сметка како ги трошите парите. Во блиска иднина би можеле да се соочите со сериозна финансиска криза, затоа почнете да штедите уште денес.

Валкан килим

Ако на сон видите валкан килим тоа е знак дека ќе престанете да ги игнорирате проблемите кои се очигледни. Време е да си признаете во каква ситуација се наоѓате и да почнете да работите на тоа. Значењето може да се разликува и од боите кои преовладуваат на килимот кој го сонувате.

Кога на сон ќе видите син килим тоа имплицира дека би сакале да постигнете успех без многу труд. Не е исклучено на тој пат да играте валкано за да ги елиминирате соперниците.

Ако сонувате црвен килим тоа значи дека преку ноќ сте станале препознатливи. Тоа ќе го искористите за да светот конечно ви ги види талентите кои го поседувате.

Зелен килим симболизира среќни вести, додека белиот претставува успешен брак и семејна среќа.

Ако видите портокалов килим на сон тоа значи дека имате на кому да се ослоните. Секогаш можете да сметате на поддршката и љубовта на членовите на семејството и пријателите.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе некој како ткае килим, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за килим

Килим е посебен вид на тепих кој се добива со ткаење, најчесто од волна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg