OKTA донираше 600.000 денари за уредување и чистење на одводните канали во општина Илинден

ОKTA и општина Илинден продолжуваат со успешна соработка на повеќе полиња.Најнов заеднички проект е чистењето  на дел од отворените одводни канали кои поминуваат преку територијата на оваа општина, со вкупна должина од 120 килиметри.

okta-donirase-600000-denari-za-ureduvanje-i-cistenje-na-odvodnite-kanali-vo-opstina-ilinden-01

Денес компанијата ОКТА донираше над 600.000 денари наменети за чистење на каналската мрежа, која минува низ атарот на населено место Кадино  во должина од 2000 метри, а кое ќе го изврши Јавното Претпријатие Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, надлежно за одржување на ХМС „Скопско Поле“-Скопје.

Со овој проект, со помош на механизација превидено е да се одведе целокупниот комунален отпад и вегетација од системот на отворени одводни канали а кој е создаден претежно од негрижа на локалното население, и во отсуство на организиран систем за менаџирање на отпадот. Со тоа, директно ќе се влијае на намалувањето на количеството на смет во општината, ќе се обезбеди нормален проток на водата, и со тоа Илинден  да биде уште почиста и поеколошка општина.

Ова е исклучително значаен проект за локалната заедница, кој има цел да ја зголеми заштитата на населението од појава на поплави, заразни болести. Истовремено е добар пример за тоа што може да се постигне  преку соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.ОKTA  и понатаму ќе продолжи со своите општетсвено одговорни активности, подобрувајќи го квалитетот на животот на локалното население”, изјави г. Виктор Папаконстантиноу, главниот извршен директор на ОКТА.

okta-donirase-600000-denari-za-ureduvanje-i-cistenje-na-odvodnite-kanali-vo-opstina-ilinden-02

Како една од најголемите компании во југоисточна Eвропа, ОKTA континуирано вложува во локалната заедница и во животната средина.

„Денес ја продолжуваме успешната соработка со компанијата ОКТА и во областа на заштитата на животната средина, преку чистење и уредување на дел од отворените одводни канали во Општина Илинден. Овој дел од каналската мрежа што денес почнуваме да го чистиме  е исклучително важен бидејќи со уредување на овој потег ќе се овозможи непречен проток на атмосферските води, но и пречистените води од пречистителната станица која што се наоѓа во непосредна близина на каналската мрежа,за да се зафатат и одведат отпадните води од над 300 домаќинства од населеното место Кадино.

„Соработката и општествената одговорност што ја покажува ОКТА во развојот на локалната заедница е вистинскиот пример што треба да го следат и останатите стопански субјекти и компании во Општина Илинден, се со цел заднички да придонесеме во создавањето на просперитетна иднина на целокупното население и заедницата“, истакна градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Жика Стојановски.

okta-donirase-600000-denari-za-ureduvanje-i-cistenje-na-odvodnite-kanali-vo-opstina-ilinden-03

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Колку си поблиску до врвот, толку повеќе сфаќаш дека не постои „врв“.
Ненси Баркус