Webit Конгрес 2011
Трета година по ред, во Софија ќе се одржи Вебит конгресот кој ќе ги собере водечките луѓе од дигиталниот маркетинг и ИТ индустријата на едно место.
На 26 и 27 октомври, во главниот град на Бугарија ќе се соберат околу 100 професионалци и влијателни лидери кои ќе го споделат своето искуство и знаење во различни области како почетни инвестиции, електронска трговија, онлајн маркетинг и менаџмент на рекламирање, дизајн и развивање на програми, гејминг и телекомуникација.
Главната маркетинг сцена е срцето и душата на конгресот. Ова е место каде експертите дискутираат за електронскиот маркетинг, електронска трговија и социјални медиуми.
Некои од основачите, директорите и претседателите на компании како Мајкрософт, и-Беј, ПејПал, Гугл, Фејсбук се појавуваат како говорници на оваа сцена. Оваа година главно изненадување е магионичарот во дигиталниот свет, Марко Темпест.
За прв пат оваа година, конгресот ќе има работилници за развивачи на апликации и интернет програми. За време на настанот, учесниците ќе можат да разменат искуства, а секоја работилница ќе трае половина или цел ден.
Помеѓу говорниците ќе биде и Џон Лун, директор за платформа и интеграција во ПејПал, кој ќе ги демонстрира последните иновации на полето за онлајн плаќање.
На 26-ти октомври ќе се одржи и форумот за игри, кој се очекува во наредните години да прерасне во најважен гејмин форум во централно-источна Европа. Специјално за Вебит доаѓа еден од основачите на Ангрѕ Бирдс, Џулиен Фоуржид.
Повеќе информации:
http://www.webitexpo.com/en/index.html/discount